fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во иднина ќе имаме повеќе топлотни бранови, повеќе пожари, а помалку врнежи

Најголеми влијанија на климатските промени ќе се случат во долж Повардарието, во гевгелиско  - валандовскиот регион и во централните подрачја со умерена клима, каде се наоѓаат најсушните подрачја во Македонија, дури и на Балканот и се разбира во Европа.

Поради климатските промени, во иднина ќе имаме повеќе топлотни бранови, повеќе пожари, а помалку врнежи. Сушите ќе бидат почести и ќе има потреба од често наводнување на земјоделските површини.

Метеорологот и експерт по климатологија, д-р Пеце Ристевски објаснува дека најголеми промени во земјава ќе има долж Повардарието.

„Сепак најголеми влијанија на климатските промени ќе се случат во субмедитеранското подрачје, односно долж Повардарието, во гевгелиско  – валандовскиот регион и во централните подрачја со умерена клима, каде се наоѓаат најсушните подрачја во Македонија, дури и на Балканот и се разбира во Европа. Исто така ќе има промена и врз вертикалната разместеност на климатските елементи со надморска височина каде ќе се случат промени и во зависност од надморската височина, и постои веројатност да се промени климата на планиските видови клими и тоа промена на климатско – вегетациона распределба на одредени шумски култури“, вели тој.

Во годините кои доаѓаат се очекува да има повисоки температури, а помалку дождови. Oва ќе биде најизразено во летните месеци јуни, јули и август, кога имаме интензивно сончево зрачење.

„Генерално гледано во иднина се очекуваат зголемен број на топлотни бранови, и повисоки температури на воздухот, како и во другите делови од Јужна Европа со намалени количества на врнежи, и зачестена појава на пожари на отворен простор, зголемена потреба на вода и наводнување на земјоделски култури. За таа цел постои стратегија согласно Конвенција за климатските промени и Парискиот договор од 2015 година за што се направени три извештаи како одговор на конвенцијата од 2003, 2008 и 2013 година и сега е во фаза на затвршување четвртиот план кој е финансиран од Глобалниот еколошки фонд и УНДП“, рече Ристевски.https://faktor.mk/vo-idnina-kje-imame-povekje-toplotni-branovi-povekje-pozari-a-pomalku-vrnezi

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close