вестиМакедонијаТоп вести

Митко Јанчев: Неприфатливи се намалените откупни цени за грозјето

Винаријата Мовино излезе со неприфатливи и недолични цени за откуп. Со овие цени се потценува целиот труд на лозаропроизводителите, нивното макотрпно работење и нивниот производ, напиша на ФБ градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев .

 

,,Сакам да изразам огромно разочарување а воедно и револт по денешното објавување на една од винариите за овогодинешните откупни цени на грозјето.

Винаријата Мовино излезе со неприфатливи и недолични цени за откуп. Со овие цени се потценува целиот труд на лозаропроизводителите, нивното макотрпно работење и нивниот производ.

Апелирам до сите останати винарии овие цени во никој случај да не им бидат пример за нивните ценовници.

За мене како градоначалник а воедно и како лозаропроизводител цени пониски од минатогодишните не се прифатливи.

Ќе побарам и итен состанок со Министерството за земјоделство и претставници на лозаропроизводителите за заеднички да најдеме решение за оваа ситуација.

Економската ситуација е лоша во целиот свет не само кај нас , но тоа во никој случај не треба да се одрази на лозарите.

Во меѓувреме исконтактирав и со винаријата Мовино која исто така има став дека овие цени не се прифатливи , како што кажав овие цени се недолични и воопшто не треба ниту да ае размислува за нив. Мојот став за кој ќе се борам до крај заедно со лозарите е дека треба под итно да се најде решение за нови откупни цени. По разговорот со винаријата , бев категоричен дека цените мора да се променат и дека мораме што поскоро да организираме состанок со Министерството за земјоделство и лозарите за да се дефинираат нови цени кои ќе бидат прифатливи, напиша Јанчев на Фејсбук профилот.


 

kanal5https://kanal5.com.mk/mitko-janchev-neprifatlivi-se-namalenite-otkupni-ceni-za-grozjeto/a434394

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close