fbpx
ВестиМакедонија

„Феро инвест“ треба да изгради мала хидроелектрична централа за ЈП Комуналец – Кавадарци

По три години компанијата „Феро инвест“ каде мнозински сопственик е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев доби тендер на јавен општински тендер.

По три години компанијата „Феро инвест“ каде мнозински сопственик е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев доби тендер на јавен општински тендер. Потпиша договор и за 23,7 милиони денари треба да изгради мала хидроелектрична централа за ЈП Комуналец – Кавадарци.  Договорот објавен на 23 февруари на сисетомот на јавни набавки.

Претходно најголемата компанија на Анѓушев последениот тендер го доби во 2017 кога бизнисменот и професор на машинскиот факултет беше назначен за вицепремиер за економски прашања, но рече дека на истиот учествувал пред да биде одлучено дека ќе биде дел од Владата.

За јавната набавка која предизвика бурни реакции во јавноста рече дека била распишана во февруари уште пред да се знае дека тој ќе биде дел од новата влада. Тој додаде дека „Феро Инвест“ не само на овој тендер, туку нема да склучи ниту еден друг договор, каде што од другата страна ќе биде партнер државата.

– „Феро Инвест“ ќе си работи како што знае да работи на интернационалниот пазар. Фирмите 96 проценти извезуваат. Компаниите имаат 800 вработени кои и понатаму треба да продолжат да живеат и ќе бидат активни во економскиот живот во државата – рече Анѓушев, кој беше дел од Владата .https://faktor.mk/kocho-angjushev-dobi-tender-i-po-tri-i-pol-godini-go-prekina-postot

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close