вестиТоп вести

 Презентиран новиот предлог буџет за земјоделството за 2020 год

 

105 милиони евра предвидени за директните субвенции за земјоделците

Вложувањата во земјоделците значи вложување во развојот на државата. Со новиот предлог буџет за земјоделството за следната година се планираат вложувања во младите за да останат и да работат во своите средини, се вложува во активните женски членови од семејството се вложува во нови преработувачки капацитети , зголемено производство и приходи на земјоделците и се зголемуваат  површините кои ќе се наводнуваат и шумскиот фонд. Вака накусо го образложи новиот буџет министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Според бројките од вкупно предвидените 153 милиони евра дел од колачот одат за самото министерството односно 16,2 милиони евра, потоа за АХВ одат 10,3 милиони евра а дел од парите се наменети и за државните инспекторати за земјоделство и шумарство како и за функционирањето на АПРЗ и УХМР. Најголемата ставка од околу 119 милиони евра е за платежната агенција од кои пак откако ќе се одбијат трошоците за плати и слично остануваат 105,7 милиони евра за директните субвенции за земјоделците за растително и сточарско производство како и 13 милиони евра за програмата за рурален развој.

-Со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, освен постојната мерка за започнување на земјоделска дејност наменета за младите земјоделци во износ од 10.000 евра, воведуваме уште една мерка за вршење земјоделска дејност за лица до 40 години, за која финансиската поддршка е 20.000 евра. Младите се нашата иднина. Преку овие мерки инвестираме во младите земјоделци, создаваме услови да се занимаваат со земјоделство, да останат во својот роден крај. Мерката за поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство овозможува финансиска поддршка во износ од неповратни 180 илјади денари. Вложувањето средства во земјоделците значи вложување во развојот на државата, рече министерот  Димковски.

Министерот најави дека тимови во министерството активно работат на дизајнирање на нови мерки со кои ќе се подржуваат земјоделците а една од таквите мерки е поддршката за активен женски член во семејството со неповратно близу 3 илјади евра. Наводнувањето и натаму е главна и носечка ставка во капиталните инвестиции за кои за следната година се предвидени 13,5 милиони евра а за програмата за проширена репродукција на шумите предвидени се 300 илјади евра.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close