fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Година дена ќе трае поскапувањето на храната

Никогаш не биле вака црни економските прогнози на европските експерти

Килограм свинско месо во Италија поскапе од осум на 12 евра, тегла џем од малини во Норвешка над 1000 денари!

Зголемувањето на цените на храната во Европа како резултат на санкциите на ЕУ и САД против Русија поради војната во Украина ќе продолжи уште најмалку една година, предвидуваат европските експерти .

Цените на месото, млекото, тестенините, брашното и шеќерот во европските земји во просек пораснале од осум до 10 отсто, па експертите предвидуваат дека во наредната година сè ќе поскапи барем за уште 100 отсто, значи двојно повеќе од денес!

Во понеделникот свинското месо во Италија поскапе од осум на 12 евра за килограм, што е поскапо. Во Чешка лебот е веќе шест пати поскап од кај нас и чини 150 денари, а тегла џем од 380 грама во Норвешка се продава за 17 евра .

Нови цени 

Уште пред бранот поскапувања поради пандемијата на коронавирус да стигне до потрошувачите, во Украина избувна војна, која дополнително го поттикна поскапувањето. Зголемувањето на цените доаѓа во бранови. Тоа најдобро го видовме во цената на горивото. Следното поголемо поскапување ќе биде во следните три-четири недели, а поскапувањето може да трае најмалку една година, само некаде во пролетта 2023 година би можело да дојде до одредена стабилизација – вели угледниот австриски економист Волфганг Шнелбехер.

Според Шнелбехер, во хемиската и машинската индустрија порастот за еден месец бил на ниво на цела минатата година.

– Цената на намирниците е зголемена за цели 11 отсто, а до потрошувачите досега стигнале само пет отсто. Поскапувањето на средствата за хигиена достигна осум отсто, а само два отсто стигнаа до клиентите – додаде австрискиот експерт.

Според него, тоталниот бојкот на увозот на енергенси од Русија, кој се почесто се најавува, би имал несогледливи негативни последици.

– Досега никој не пресметал што навистина би значело целосно прекинување на снабдувањето со гас за синџирот на снабдување и производство во Европа. Тоа би било катаклизма – предупредува Шнелбехер.

Празни продавници

Последниве денови од Германија пристигнуваат слики од сè повеќе уништени продавници. Србинот Ненад Радичевиќ, кој работи во оваа земја, вели дека сончогледовото масло е речиси невозможно да се најде, а понекогаш нема ниту брашно, па дури и тестенини.

– Маслото речиси целосно исчезна од полиците. Луѓето брзаа да складираат залихи и тоа доведе до недостиг. Сончогледово масло го нема никаде веќе десетина дена. Стигнува понекогаш, но практично веднаш исчезнува – изјави тој.

Во Италија камионџиите не превезуваат стока една недела бидејќи, како што истакна новинарката Маринела Ражнатовиќ, веќе не се исплати – трошоците се поголеми од платата.

– Последниве недели чери доматите скокнаа од две на четири евра за килограм, а свинското месо од осум на 12 евра. Најмногу поскапеа енергенсите, струјата и гасот уриваат историски рекорди. Италија во последните месеци имаше две големи поскапувања на енергенсите, што е кумулативно зголемување од околу 100 проценти. Дека несомнено ќе биде многу потешко, покажуваат новите вести, бидејќи превозот е ужасно поскап, буквално секој ден – истакна таа.https://faktor.mk/godina-dena-kje-trae-poskapuvanjeto-na-hranata-nikogash-ne-bile-vaka-crni-ekonomskite-prognozi-na-evropskite-eksperti

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close