вестиТоп вести

Проект за локална конкурентност

Со фактот дека „Попова Кула“ има подобрена и побогата понуда, тоа значи збогатување на понудата во Тиквешијата како дестинација, со што станува поконкурентна и поатрактивна.

Потпроектот „Збогатување на понудата на винарска визба Попова Кула“ има цел да ја збогати туристичката понуда во дестинацијата „Тиквешки регион и околината“ со воведување нови содржини и подобрување на туристичката инфраструктура. Со потпроектот во вкупна вредност од 12.260.000 денари се врши реновирање на собите и други делови во хотелот „Попова Кула“, како и уредување на места за паркинг на велосипеди.

Промоција на автентична понуда

Станушина е стара македонска автохтона сорта грозје која може да се најде единствено во тиквешкиот регион во Северна Македонија. Винарската визба „Попова Кула“ од Демир Капија ја реафирмира Станушина во регионот и ја споделува оваа извонредна сорта вино со целиот свет. Со цел да се поддржи оваа активност, односно да се зголеми целокупната економска активност на винаријата и на туристичката дестинација тиквешки регион и околината, винарската визба „Попова Кула“ аплицираше за финансиска поддршка преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Одобрени ѝ се неповратни средства во износ од 6.130.000 денари од ЕУ и Владата на РСМ, а винарската визба вложува уште толку сопствени средства, со што вкупната вредност на потпроектот „Збогатување на понудата на винарска визба Попова Кула“ изнесува 12.260.000 денари.

Во рамки на потпроектот се спроведуваат следниве активности:

– Реновирање на 11 соби и други делови во хотел Попова Кула;

– Уредување на паркинг и место за чување велосипеди и друга спортска опрема;

– Создавање нова понуда, како што се: пазар за земјоделски производи, локално подготвена храна и сувенири во кругот на хотелот;

– Создавање нова понуда, како што се: фурна, скара и тенда со придружна инфраструктура и опрема за организација на гастрономски и културни настани.

Нова понуда за регионалниот, европскиот и за светскиот пазар

– Со самиот факт дека се спроведуват активности за подобрување на квалитетот на понудата и за исполнување на очекувањата на посетителите, како и активности за зголемување на понудата ни дава за право да планираме дека ќе имаме подобра конкурентна позиција која ќе ни овозможи привлекување посетители од приоритетните пазарни сегменти – вели Јордан Трајков, сопственик на „Попова Кула“.

Домашните туристи на краток одмор имаат подобар комфор, но ќе можат и да останат подолго време во „Попова Кула“ и да научат нови работи од локалната гастрономија и култура и да уживаат во активностите во природа со велосипеди. Обично тоа се луѓе кои имаат канцелариска работа и бараат релаксација и малку поразлични доживувања, велат од винарската визба. Оттаму истакнуваат дека со новата понуда им го овозможуват токму тоа на туристите и дека истите ќе можат да ги привлечат, особено во помалку посетените месеци – октомври, ноември, март и април. Целиот текст може да го прочитате тука.

Слични написи

Back to top button
Close