САЕМ НА ИЗУМИ И КРЕАТИВНОСТ НА ПЛОШТАДОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

(Oвој напис е објавен на: September 6, 2019)

 

Најголемата изложба на изуми, креативност, технологија, уметност, рачна изработка , како и забава за сите возрасти, денес се случува во Битола. „Bitola Mini Maker Faire” е во организација на Американското катче во Битола, заедно со Амбасадата на САД во нашата држава и со поддршка на Општина Битола. Саемот на иновации и креации, денес го посети и градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, која имаше можност да разговара со повеќе ентузијасти во областа на технологијата, инжинери, претставници од научни клубови, автори, уметници и други иноватори од целата држава кои ги презентираа своите дела, информираат од општина Битола.

Овој тип на саем се организира од 2006 година во Америка, а потоа се шири и во Токио, Рим, Шенжен, Тајпеј, Сеул, Париз, Берлин, Барселона, Детроит, Сан Диего, Милвоки и Канзас Сити.

Share Button