
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Платежна агенција – Земјоделците ќе бидат информирани кога да аплицираат за субвенции по Програмата за директни плаќања за 2026 година
Нема причина за загриженост. На ниту еден земјоделец нема да му биде ускратено правото да аплицира за субвенции по Програмата за директни плаќања за 2026 година.
Платежна агенција информира дека – Земјоделците ќе бидат информирани кога да аплицираат за субвенции по Програмата за директни плаќања за 2026 година и дека нема простор за загриженост.
Платежната агенција како институција е партнер на земјоделците. Сакаме јасно порачаме дека нема причина за загриженост. На ниту еден земјоделец нема да му биде ускратено правото да аплицира за субвенции по Програмата за директни плаќања за 2026 година. Ќе биде обезбеден соодветен рок за поднесување на барањата, за што јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и преку средствата за јавно информирање, информира Платежната агенција




