Фирмата  Агро Гавро од Ресен учествуваше на саемот на „Преспанскиот јаболкобер“

 

 

Фирмата Агро Гавро е фирма од Ресен која иако постои краток период успеа да биде забележана на пазарот. Со нејзината работа успеа да снабди со механизација голем број на овоштари од Преспа.

Александар Крстевски е управител на фирмата АГРО ГАВРО , а  почетоците му  се врзани со една од најголемите дистрибутери на земјоделска механизација во  државата Синпекс Битола.

 

„Овде сме на штандот заедно со нашите партнери  Синпекс Битола. Имаме изложено најразлични производи:  трактори Тафе, кој е идеален за овоштарството, имаме и појак професионален  модел на трактор Караро. Секако тука има и  поспецифични машини  кои што се наменети за нашиот преспанскиот регион,  платфрома за режење и берење, потоа калдерони, професионална меѓуредна фреза (од  италијанско потекло),  мулчери, атомизери, и најсовремена ножица за режење  Infaco. Исто така имаме изложено производи и од нашите партенри, фирмата  ВИО КАЛ, која што е една од најстарите фирми во Грција“, изјави Александар Крстевски за Зелена берза.

 

Ексклузивен производ  „Машина против мраз“

Претходните две години овошните насади во Преспа настрадаа многу од мраз. На саемот на плоштадот во Ресен беше претставена и машина против мраз

„Ексклузивен производ тука е  нашата машина за против мраз. Станува збор за машина која исфрла топол воздух. Со неа можеме да заштитиме  од 4-8 ха овошни насади.

Работи на плин, издувува  на страна  по 50 метра топол воздух. Исто така издувува топол воздух и наназад. Со оваа машина може да се заштити родот  до минус 8  степени целзиусови“, посочува Крствески. Машината е од хрватско потекло  „Hitner“,   една од најстарите хрватски производители во фабриката „Тома Винковиќ“ .

 

 

  Неопходен е долго најавуваниот гарантен фонд на државата

Крстевски објаснува дека иако се релаитвно млада фирма која продава земјоделска механизација, задоволни се од досегашните постигнати резултати што најмногу се должи на искрениот и професионален однос кон земјоделците.

„Три години сме на пазарот и  сме активни  учесници на преспанскиот јаболкобер, а  како млада фирма успеавме да постигнеме многу преку  програмите млад земјоделец  и ИПАРД.  Успеавме да реализираме  над 100 апликации  и да ги снабдиме овоштарите со производи што им се потребни во работата. Најмногу апликации  се однесуваа на  индискиот бренд Тафе, трактори и пропратна механиазција“, вели Крстевски од АГРО ГАВРО.

Како што објаснува ја имаат довербата кај клиентите и до сега имаат подготвено и испратено 170 апликации на последниот повик од прграмата Млад земјоделец. Оваа година има интерес за преработувачки капацитети , млин за обработка на овошје, атомизери, како и за тракторите Тафе кои се незаменливи за овоштарството. Смета дека работите многу би се промениле во нагорна линија доколку профункционира најавуваниот гарантен фонд од државата.

„Клиентите ги пратиме од почетокот па до самиот крај на инвестицијата, до повратокот на средствата. Кога доаѓаат кај нас , ние им помагаме и собирањето на потребната документација не е веќе проблем. Повеќе наидувавме на проблем кога влегуваме во банкарските системи, мислам дека реализацијата би била многу поуспешна доколку државата го примени долгонајавуваниот гарантен фонд“, вели за Зелена берза Алексндар Крстевски.

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

Share Button