fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ПРВО ОСИГУРАЈ ГО РОДОТ, ПА ЗЕМИ СУБВЕНЦИИ! Понудата на владата ги загрижи земјоделците

Според нив, најголемиот број од земјоделците ќе ги изгубат субвенциите и можеби да се откажат од земјоделско производство, бидејќи се соочуваат со големи трошоци за производство и ниски откупни цени кои не им обезбедуваат никаква заработка. Дополнителниот трошок за осигурување, сметаат тие, ќе биде погубен за земјоделското производство.

Нивите ќе останат необработени, а државата може да остане без храна ако ги принуди земјоделците да го осигуруваат производството за да добијат субвенции, реагираат земјоделските здруженија откако владата најави дека планира да ги врзе субвенциите со земјоделското осигурување.

Според нив, најголемиот број од земјоделците ќе ги изгубат субвенциите и можеби ќе се откажат од земјоделско производство, бидејќи се соочуваат со големи трошоци за производство и ниски откупни цени кои не им обезбедуваат никаква заработка. Дополнителниот трошок за осигурување, сметаат тие, ќе биде погубен за земјоделското производство. Тие бараат владата пред да го подготви новото законско решение да ги објасни новините пред земјоделците и да ги разгледа нивните предлози.

– Не сме запознаени со деталите како ќе се реализира оваа намера на Министерството за земјоделство, но не е добро ако земјоделците бидат условени да ги осигурат посевите за да можат да очекуваат субвенции. Не се работи за тоа дека земјоделците не сакаат да го осигурат производството, туку во прашање се осигурителните компании кои немаат интерес да го развиваат овој сегмент на осигурување и нудат неповолни услови за осигурување. Треба да се има и предвид дека ова е дополнителен трошок за земјоделецот, кој тој нема можност да си го дозволи – вели Петре Стојкоски од Асоцијацијата на земјоделци.

И Ристо Велков од Синдикатот на земјоделци вели дека новиот концепт не е доволно објаснет кај земјоделците, но смета дека осигурувањето на земјоделските посеви не треба да биде задолжително.

– Според она што досега го слушнавме, бидејќи никој не нè информира ниту праша што мислиме за ова прашање, се планира задолжително осигурување на земјоделското производство што не е во ред, бидејќи секој сам треба да процени дали може да го осигура производството и какви придобивки ќе има од тоа. Досега осигурувањето беше скапо за земјоделците и мал е бројот на оние кои вложуваат во осигурување. Дополнително се најавува дека субвенционирањето ќе се врзе со осигурувањето на посевите, што исто така не е добро. Најголемиот дел од земјоделците поради ова ќе останат без субвенции и можеби ќе се откажат од производството, бидејќи владата не создаде услови земјоделецот сам да го финансира производството и да заработува од него. Ако тој ги покрие трошоците и обезбеди заработка од произведеното нема да бара субвенции и самиот ќе размислува да го обезбеди, но далеку сме од тоа – вели Велков.

Тој смета дека состојбата за земјоделците нема да се промени ниту по три години колку што, како што најави владата, ќе има бесплатно осигурувањет за земјоделците.

На новиот концепт на земјоделско осигурување реагираше и партијата Левица која смета дека ова е уште еден удар врз индивидуалниот земјоделец. Таа во своето соопштение наведува дека владата наместо да им помогне во време на криза да произведуваат храна, ги уценува со задолжителна давачка за осигурување.

– Како и многу пати досега, оваа Влада се оградува од своите задачи, обврски и одговорности, па ги префрла на товар на индивидуалните земјоделци. Задолжителното земјоделско осигурување нема да спречи појава на град, суша, поплава и други непогоди, нив ќе ги спречат ефикасни градобијни системи, квалитетна мрежа за наводнување и одводнување, односно исчистени канали во полињата – велат од Левица.

Министерството за земјоделство најави дека работи на нов концепт на осигурување на земјоделското производство кој, покрај другото, предвидува осигурувањето да биде задолжително и да е поврзано со исплатата на субвенциите од државата.https://plusinfo.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close