fbpx
ВестиМакедонија

Битиќи-ОТПИС НА ДОЛГОВИ ЗА КАМАТИ ЌЕ ИМА!

ВИДЕО-Ќе се врши отпис на камати за долгови кон јавни и комунални претпријатија на локално и на централно ниво постари од три месеци без ограничување колку години е застарен долгот по основ на камати.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа истакна дека со петиот пакет не се предвидуваат платежни картички. Вели дека петиот пакет на антикризни мерки ќе стане оперативен во текот на овој месец, но откако претходно ќе го помине собранискиот филтер.

Како дел од новиот пакет ќе бидат речиси сите сектори  и дејности. Ќе бидат опфатени транспортот, медиуми, извозни компании, големи и мали фирми. Но, Битиќи вели дека со петиот пакет не се планираат средства кои ќе завршат како еднократна помош за граѓаните. Целта според него со петиот пакет на мерки кои би се движел околу педесетина милиони евра, е да се зачуваат што поголем број на работни места.

Битиќи најавува дека ќе се врши отпис на камати за долгови кон јавни и комунални претпријатија на локално и на централно ниво постари од три месеци без ограничување колку години е застарен долгот по основ на камати.https://www.24.mk/details/bitikji-za-tv-24-peti-paket-merki-platezhni-kartichki-kje-nema-otpis-na-dolgovi-za-kamati-kje-ima

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close