вестиМакедонијаТоп вести

Шеготека… со Без навреда

 

Карикатура Блаже Докуле

Шеготека… со Без навреда

Кој е глуп

Професорката по психологија го почнува првиот час…

-Ајде нека станат сите што мислат дека се глупи!

Никој не станува ,сите седат. По некое време станува Цветко…

-Значи ти Цветко мислиш дека си глуп?

-Не, професорке , само ми падна жал да вег ледам сама како стоите!

 

Моторче

Влегува Раде во продавница и и’ вели на продавачката:

-Колку пари се моторчињата?

Продавачката – имате од 600 евра, од 1000 евра и имате од 800 евра, а вие за што сте заинтересирани?

– За црни чевли број 39.

 

Замрзнувач

Дарко дали баба ти го испроба новиот замрзнувач?

-Да

-И што вели?

-Незнам! Уште седи во него.

 

Забава

Го прашуваат Иван:

Спортуваш?

-Не

Пушиш?

-Не

Пиеш?

-Не

Бркаш женски?

-Не

Па добро бе човече како се забавуваш?

-Фрлам јајца во вентилатор.

 

Два прста прашина

Отишол Љубе во полициска станица целиот истепан со модрици, и го прашуваат:

– Кој те истепа така бе?

– Жена ми.

– А зошто?

– Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има два прста прашина.

 

Се е физика

Наставникот по физика прашува:

-Кој ќе повтори за електрична енергија? – Повеќето ученици кренале рака, но најмногу Марко. Наставникот го станал.

Марко-Електричната енергија доаѓа од Зоолошката градина! – Наставникот се зачудил и го прашал:

-Зошто Марко од Зоолошката градина?

-Па вчера кога имавме слава и кога наеднаш снема струја дедо ми рече „Пак некој мајмун ни ја исклучи струјата”.

 

Стој!!!

Оди Пандо по улица и слуша: Стој!!!

Застанува, и пред него паѓа клавир.

Оди понатаму и пак истиот глас: Стој!!!

Застанува и пред него една кола со голема брзина поминува.

Се врти, гледа но не може да види никого.

-Кој си ти што два пати ми го спасуваш животот?

Гледа во раката едно малечко ангелче.

-Јас сум твојот ангел чувар!!!

Пандо замавнува со десната рака го смачкува и вели:

-Кај беше кога се женев?

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close