fbpx
ВестиТоп вести

Во Битола се чествуваше патронот на градот Св Нектариј Битолски

Во Битола се чествуваше патронот на градот Св Нектариј Битолски

Со свечена литургија посветена на Свети Нектариј Битолски,  утринава започна одбележувањето на патронот на градот. На литургијата присуствуваше градоначалничкат ана Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола и голем број верници храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола.

По литургијата, се одржа литија, а поворката тргна од црквата Свети Великомаченик Димитриј, движејќи се по улицата „Кирил и Методиј“, покрај НУУБ „Свети Климент Охридски“, до хотел „Епинал“, а продолжи низ „Широк Сокак“ враќајќи се до црквата Свети Великомаченик Димитриј.

Точно на пладне, градоначалничката имаше средба со Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски Господин Петар. На средбата, тие разговараа за теми од општествениот живот, кои имаат заеднички допирни точки и за општината и за црквата.

 

 

Слични написи

Back to top button
Close