Вести
Во Куманово утре авионско прскање против комарци
Утре, во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци на подрачјето на општина Куманово, информира локалната самоуправа.
Оттаму ги повикуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Според најавите од општината, во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, авионската дезинсекција ќе се одложи за наредниот ден.
Ова е трета авионска дезинсекција на подрачјето на општина Куманово, за која општината одвои 1,2 милиони денари.