fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Во јули ќе биде исплатено млекото за сточарите за првиот квартал од 2025 година

Значи не станува збор за доцнење на субвенциите туку ќе имаме еден фер пристап према млекопроизводителите, вели Стоилов.

Со преземањето на функцијата се соочивме со една состојба во млекопроизводството каде што имаше заостанување на неисплатени субвенции за произведено и предадено млеко во откупни центри од неверојатни 16 месеци, изјави директорот на АФПЗРР Илија Стоилев во емисијата „Студио 10“ на 24 ТВ .

-16 месеци доцнење на исплата во делот на сточарството за мене како личност, како добар познавач на оваа проблематика е недозволиво. Сточарството е трудоинтензивна гранка каде 365 дена се работи, нема никаков одмор и тие производители да чекаат толку долго  е некоректно кон нив и со право реагирале. Направивме напори во еден краток период да ги исплатиме сите заостанети субвенции, околу 17 милиони евра по основ произведено и предадено млеко во откупни центри. Сега ги чекаме последните информации-податоци од млекарниците за предаденото млеко за период до јуни и веднаш во првата половина на јули ќе биде исплатен првиот квартал од 2025 година. Значи не станува збор за доцнење туку ќе имаме еден фер пристап према млекопроизводителите. Мора да обрнеме повеќе внимание на сточарското производство оти таму с енаправени најголемите неправди во делот на субвенционирањето. Премногу се доцнеле субвенциите и е намален сточниот фонд. Завод за статистика тоа го кажува дека е намален, а едно од причините е и тоа, изјави директорот на платежната агенција, Илија Стоилов.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close