ВестиМакедонијаТоп вести
Димковски за „Зелена берза“-Дел од сет мерките за помош на земјоделството ги направивме, ќе се интервенира и со дополнителни мерки
Дел од сет мерките за помош на земјоделството ги направивме, а ќе се интервенира и со дополнителни мерки, ова е одговорот на министерот за земјоделство Трајан Димковски на прашањето на „Зелена берза“ дали Владата и МЗШВ ќе понудат сет мерки за помош на земјоделството, исто како што тоа се направи за стопанството?
-Дел од сет мерките ги направивме, ќе ја напоменам мерката која само пред
неколку дена беше донесена на Влада, следејќи ја состојбата околу откупот на
јагнињата каде овозможиме зголемување на дополнителната мерка за оставено
женско јагне за 2020 година, вкупната финансиска поддршка по глава ќе изнесува
2500 денари. Ова се направи согледувајќи ја состојбата на пазарот со откупот на
јагнињата. Во моментов можеме да кажеме дека откупот е со забавено темпо и е
намален, за разлика од минатата година, со што очекуваме дека преку една ваква
мерка сточарите ќе го зголемат бројот на стадото, а со самото тоа ќе го ублажиме
притисокот на пазарот кој што се зголемува. Покрај ова секако дека се прати
состојбата и ќе се направат и дополнителни мерки, веќе сме во договори и со
претставниците на самите земјоделци околу концесиите и слично, и се надевам
дека и фирмите кои се дел од прехранбениот сектор ќе можат да користат и други
економски мерки кои што веќе Владата ги донесе во тој сегмент. Искрено
очекувам секторот земјоделство во оваа состојба ќе даде максимум со сите сили
кои се на располагање, фирмите и самите индивидуални земјоделци и ќе бидеме
во една поволна состојба со тоа што загубите ќе бидат минимални некаде, а ќе се
интервенира и со дополнителни мерки, рече министерот Димковски.
Финансиската поддршка за женско јагне зголемена на 2 500 денари
Само пред неколку дена МЗШВ донесе мерка со која се зголемува финансиската
поддршка за одгледувачи на овци. Наместо 700 денари за задржано женско јагне,
ќе добиваат по 1.500 денари, одлучи Владата.
Според Министерството за земјоделство, ваквата одлука е донесена поради
проблемите со откупот на јагнето што ги предизвика кризата од коронавирусот.
-Вкалкулирано со основната мерка од 1.000 денари за обележани грла овци, со
сегашното зголемување за подмерката за задржано женско јагне од 1.500 по
денари по грло, одгледувачите на овци ќе добијат вкупна финансиска поддршка во
висина од 2.500 денари за женско јагне, информираше Министерството.
МЗШВ и во следниот период ќе продолжи да ја следи состојбата со откупот и
извозот на јагне. Во постојaна комуникација е со одгледувачите на овци и со
-
откупувачите, а освен традиционалните пазари како Италија, Хрватска, Грција, себараат и други, алтернативни за извоз на јагнето.А.Блажевска