вести

Сите земјоделци што се жалат се во право, само требаше многу порано

(Oвој напис е објавен на: март 26, 2018)

lence

Лани (и неколку години наназад) цената на јагнето беше 100 денари за килограм. Оваа година е 140-150 ден. За сточарите и 40% зголемување на цената не одговара бидејќи им е многу скапо производството. Од друга страна „мрежата“ која е со години создавана меѓу некои трговци извозници потешко се растура, а сточарите се неорганизирани. Падот на бројот на грла од 1 200 000 на 500 000 овци, колку што велат сточарите дека има сега, доволно зборува за катастрофалната состојба во овчарството.

Плановите се преку намалување на трошоците, зелена нафта, да имаат земја за сопствено производство на добиточна храна, повисоки и редовни субвенции, да го стабилизираме ова производство. По стопирањето на негативниот тренд кој повторно ќе кажам, трае со години, можеме да зборуваме за негов развој.
За жал, можам да констатирам дека речиси сите земјоделски гранки се во надолна линија и она што сега најмногу работиме е нивна стабилизација. Ние всушност почнуваме од нула (еден агробизнисмен ми вели од минус) , заедно со чинителите во одреден сектор. Дали е откуп на јагнешко, пласман на зелка, цена на млеко, сеидба на ориз, очекувана жетва на пченица…секаде почнуваме со констатацијата дека состојбата е лоша и хаотична и треба најнапред производството да го поставиме на добра основа, да знаеме што сакаме и како да го направиме тоа. Во овие заложби на владата директно учествуваат земјоделците, агробизнисмените, трговците, откупувачите…секој со своите проблеми и решенија.

Во земјоделското производство нема спектакуларни резултати за неколку месеци, но годинава ќе  може да се види правецот по кој се движиме. Полесно е потоа, од добро, да направиме уште подобро.

Во меѓувреме, земјоделците ќе се жалат. И со право, но требаше многу порано, така ќе ни беше полесно сега да се извлечеме од ситуација во која се наоѓа вкупниот аграр.

Ленче Николовска

Посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата


 

бриф.мк

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close