fbpx
ВестиТоп вести

Димковски: Квалитетот на тутунот е добар, очекуваме непречен откуп и висока просечна откупна цена на тутунот

 

На самиот старт на откупот на тутун Министерот Димковски посочи дека и оваа година се очекува стабилен откуп со високи просечни откупни цени на тутунот.

 

Тутунот ќе го откупуваат девет компании. Сите компании имаат обезбедени средства за исплата. Инспекторите ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата со откупот. Од нашите податоци можеме да кажеме дека вкупно се евидентирани 226 мостри и 210 откупни пунктови. 204 мостри се од типот Прилеп, а 22 се од типот „јака“. Годинава вкупно се засадени 13.342 хектари тутун и склучени  се 32.798 договори со девет компании. Издадени се 20.933 евидентни листови. Очекуваме околу 6 проценти поголемо производство на тутун. На откупните пунктови и на вагите има лиценцирани контролори и повереници на тутунарите кои ќе го следат откупот. Очекуваме добар и непречен откуп. Со оглед на најавата дека квалитетот на тутунот е подобар, очекуваме да се постигне и повисока откупна цена од ланската“, истакна министерот Димковски.

 

Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за 6 отсто повеќе од реколтата 2018-та. Оваа година се исплатија 29 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2018-та. Со новиот модел на зголемени субвенции, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

 

Со новиот Закон на тутун што е веќе во сила предвидена е поголема транспарентност и би требало да се решат отворените прашања во врска со производството на тутун. Според новите законски решенија во реколтата 2020година се укинуваат евидентните листови и ќе се изврши усогласување на календарот на активности (подготовка на земјиштето, расадопроизводство, садење, берење, сушење и откуп со роковите за пријавување на производство на тутун и склучување на договори и крајниот рок на откуп на тутунот од страна на откупувачите.

 

Слични написи

Back to top button
Close