fbpx
ВестиТоп вести

Договор за грозјето нема, лозарите не исклучуваат радикални протести ако визбите не попуштат

Лозарите и винарите не постигнаа договор за цената по која ќе се купува винското грозје од  годинашнава реколта. Производителите на грозје бараат повисока цена од лани, визбите давале иста цена, но за повисоки шеќерни единици. Според лозарите тоа значело дополнително намалување на цената за повисок квалитет на грозје.

Вчера тие три часа разговараа во Кавадарци. На состанокот беше и министерот за земјоделство, Трајан Димковски, пратеникот Панчо Минов и градоначалникот Митко Јанчев.

Лозарите бараат визбите да ја променат  поразителната политика, да го одврзат ќесето и за квалитетно грозје да дадат повисока цена. Задоволни се велат, од поддршката што ја добиваат од МЗШВ и од градоначалникот, но не било во ред само државата да дава за тоа што треба визбите да го платат.

„Договор не се постигна. Чекаме до понеделник да видиме што и како ќе биде. Ни се случува истата политика како и лани. Државата е спремна да ни помогне но ние не сме социјален случај па постојано да чекаме од државата. Винариите да си го одврзат ќесето и да си плаќаат по шеќерна единица. Тие предлагаат 21 малиган за 13 денари. Бараат квалитет. Им даваме квалитет. Проблем е тоа што тие не сакаат да го платат така како што треба“ вели претседателот на лозарското здружение „Напредни лозари“ од Кавадарци, Трајче Кулев.

Лозарите инсистираат најниска цена за најевтиното грозје да биде 20 денари за 16 шеќерни единици. Поставија црвени линии после кои нема да преговараат, а тоа е за 16 шеќерни единици цената да не падне под 16 денари за смедеревката и 17 за вранецот.

Доколку не бидат прифатени барањата на лозарите, тие најавуваат радикални протести се со цел да дојдат, како што велат до некоја реална и достоинствена цена за грозјето.


 

ммс.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close