fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Да се испита почвата пред да се садат лозја, апелира пензионираниот професор Благоја Мишковски

Земјоделците на кои лозовите или прасковите калеми им се со несоодветна подлога спрема почвениот тип, ризикуваат лозјата и праскарниците да им ги зафати хлороза и други аномалии во производството, при подоцнежното одгледување.

Да се испита почвата пред да се садат лозја, апелира пензионираниот професор Благоја Мишковски, кој го помина работниот век од околу 40 години предавајќи стручни предмети во Средното земјоделско – шумарско училиште ,,Ѓорче Петров” во Кавадарци. Во изјава за МИА, денеска Мишковски предупредува дека има многу лозаропроизводители кои подигнуваат нови лозови и овошни насади, без претходно да ја испитаат почвата во која ги садат калемите. Тој нагласува дека земјоделците на кои лозовите или прасковите калеми им се со несоодветна подлога спрема почвениот тип, ризикуваат лозјата и праскарниците да им ги зафати хлороза и други аномалии во производството, при подоцнежното одгледување.

-Почвите се со различна содржина на карбонати во себе. Земјоделците ризикуваат да добијат лозови и овошни плантажи зафатени  од хлороза или жолтеење, доколку лозовите или прасковите калеми им се со несоодветна подлога спрема почвениот тип. Ова особено важи за нивите кои содржат многу карбонати. За разлика од нив, земјоделските имоти кои содржат малку карбонати, нема да предизвикаат жолтеење, без разлика каква ќе биде подлогата на садниците. Во овие вторите спаѓаат нивите наречени смолник, какви што има во росоманско или околу  кавадаречкото село Сопот, објаснува професорот.

Тој додава дека хлорозата се манифестира со жолтеење па дури и  побелување   на лисјата на виновите лози или прасковите дрвца од врвот  надолу,  за на крај да дојде до губење на плодот па и угинување на лозите и овошките.

-За да се спасат од хлорозата, земјоделците секоја пролет преку почва  и во лето преку наводнување, пристапуваат кон додавање на железо во виновите лози и тоа преку лисјата и преку почвата. Тоа е дополнителен издаток за нив покрај останатите третмани со хемиски препарати. Тие што имаат инсталирано систем капка по капка во лозјата, во системот ставаат лесно растворливо железо кое пак е уште поскапо, вели професорот кој е околу година ипол во пензија. https://zoom.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close