fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Заштита на јаболчестите и коскестите овошни видови во текот на зимскиот и рано пролетниот период

Јаболко и Круша


Заеднички штетници за овие два овошни видови се: лисните вошки, штитестите вошки, црвениот овошен пајак и други. Лисните вошки презимуваат во стадиум на јајце, кое на ластарите изгледа како црна точка. Штитестите вошки презимуваат под своите штитови кои имаат сивкаста боја и се наоѓаат на стеблото, скелетните гранки или на пукнатините од кората (фотографија – средина). Јаболковата крвава вошка повеќе е штетник кај јаболкото одколку кај крушата. На гранките и младите родни гранки таа предизвикува рак рани, поради кои истите се сушат.

                               

Во најголем дел презимува во добро заштитени и недостапни делови од самата овошка, за нејзино сузбивање како и за другите штетници – лисните и штитестите вошки покрај употребата на бело масло (Агросал Биопротект во доза од 10 L/ha) се препорачува и примена на инсектицидите Polux во доза од 500 mL/ha, Fastac 10 EC во доза од 250 mL/ha или Harpun во доза од 1 L/ha. Црвениот овошен пајак презимува во облик на зимски јајца кои обично се наоѓаат околу самите пупки или во пределот на разгранување на младите гранчина (фотографија – десно). Причинителот на чадлива дамкавост на листовите краставост на плодовите од јаболка и круши овој патоген презимува на заразените паднати листови, кои претставуваат огромен инфективен потенцијал за примарни зарази. Поради овие причини задолжително е веднаш по извршената резидба да се применат  бакарни фунгициди (Funguran OH 50 WP  или Copernico  Hi Bio во доза од 3 kg/ha). Кај крушата зимското третирање е еден од клучните моменти за ефикасно сузбивање и намалување на популацијата на економски најзначајниот штетник – крушковата болва како и економски најзначајната болест, причинителот на бактериска пламеница кај јаболко и круша (Erwinia amylovora). За сузбивање на имагата од крушковата болва покрај примената на бело масло (Агросал Биопротект) во доза од 10 L/ha се препорачува и примена на инсектицидот Polux во доза од 500 mL/ha или Fastac 10 EC во доза од 250 mL/ha, додека за сузбивање на јајцата и првите ларвени стадиуми на овој штетник се препорачува и додавање на инсектицидот Harpun во доза од 1L/ha.

Праска, Нектарина, Цреша, Вишна и Слива

Кај овие коскести овошни видови исто како кај јаболкото и крушата се јавуваат : лисните вошки, штитестите вошки и двоточкастото пајаче. Од болестите економски најзначајни се причинителот на кадравост на листовите кај праската и нектарината и монилиозните заболувања на цветовите и плодовите. И кај коскестите овошни видови за сузбивање на презимувачките форми на штетниците се препорачува примена на Агросал Биопротект во доза од 10 L/ha плус Polux во доза од 500 mL/ha, Fastac 10 EC во доза од 250 mL/ha или Harpun во доза од 1 L/ha, а за сузбивање особено на презимувачката форма на карантинскиот причинител на монилиозни заболувања – Monilinia fructicola, како и бактерискиот причинител на рак рани кај коскестите овошни видови се препорачува примена на бакарните фунгициди: Funguran OH 50 WP или Copernico  Hi Bio во доза од 3 kg/ha.

FUNGURAN OH 50 WP е превентивен контактен фунгицид и бактерицид со широк спектар на делување, кој ја содржи активната материја: Copper hydroxide 767,7g/kg (бакар хидроксид). Се применува за сузбивање на презимувачките форми на: Venturia inaequalis, V. piryna (чадлива краставост кај јаболко и круша), Erwinia amylovora (бактериска пламеница кај јаболко и круша), Pseudomonas syringae pv.syringae (бактериски рак рани кај коскести овошни видови), Monilinia spp. (монилиозни заболувања) и други економски значајни патогени. Благодарение на хидроксидната форма и формулацијата, овој фунгицид е идеален за примена во зимскиот период затоа што споредбено со другите бакарни фунгициди е високо отпорен на промивање од врнежи.

COPERNICO HI BIO исто така е превентивен контактен фунгицид и бактерицид со широк спектар на делување, кој ја содржи активната материја: Copper hydroxide 417g/kg (бакар хидроксид). Формулиран е во облик на водорастворливи гранули. Го има истиот спектар на делување како и FUNGURAN OH 50 WP.

POLUX е контактен инсектицид со широк спектар на делување кој припаѓа во групата на пиретроиди. Делува на ларвите и возрасните форми на штетниците. Ја содржи активната материја deltamethrin (делтаметрин) 25 g/L.

Кај јаболчестите овошни видови се применува за сузбивање на: зелена јаболкова вошка (Aphis pomi), јаболкова брашнеста вошка (Dysaphis plantaginea), јаболкова лисна болва (Psylla mali), јаболков црв (Carpocapsa pomonella), свиткувачи на покожицата на плодот (Adoxophyes orana, Archips rosana), обична крушкова болва (Psylla pyri).

Доза на примена: 0.35 – 0.5 L/ha.

Кај коскестите овошни видови се применува за сузбивање на: свиткувачи на покожицата на плодот (Adoxophyes orana, Archips rosana), прасков молец (Anarsia lineatella), црешова мува (Rhagoletis cerasi), овошна мува (Ceratitis capitata), праскова лисна вошка (Myzus persicae), Црешова вошка (M. cerasi), сливов црв (Laspeyresia funebrana).

Доза на примена: 0.35 – 0.7 L/ha.

FASTAC 10 EC е инсектицид кој има контактно и дигестивно делување, кој припаѓа во групата на пиретроиди. Ја содржи активната материја: alpha cypermethrin (алфа циперметрин) 100 g/L. Го има има истиот спектар на делување како и инсектицидот Polux, а особено се применува за сузбивање на презимувачките форми на крушковата болва.

Доза на примена: 250 mL/ha.

HARPUN е инсектицид кој припаѓа во групата на регулатори на пораст (антагонист на јувенилниот хормон) кој го спречува формирањето на имага. Овој инсектицид има овицидно и ларвицидно делување има и непосреден ефект и врз возрасните женки т.е го спречува пилењето на ларвите од јајцата кои ги положиле третираните женки. Ја содржи активната материја: Pyriproxyfen (пирипроксифен) 100 g/L активна материја. Кај јаболко се применува за сузбивање на јаболковиот црв (Cydia pomonella), додека кај крушата се применува за сузбивање на јајцата и ларвите од крушковата болва (Psylla spp.). Доза на примена: 1 L/ha.

 

Изработил:

м-р Петковски Ефтим

Хемомак Пестициди ДООЕЛ Велес

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close