fbpx
Вести

Намален родот на боровинки во кавадаречко како последица на зимскиот и пролетниот мраз

Само 15 лица побарале дозвола за берење на боровинки, смрекинки и други шумски плодови и лековити билки од подружницата на „Македонски шуми” во Кавадарци.

Раководителот на Одделението за заштита на шумите, Петко Ристовски, денеска информираше дека за разлика од оваа сезона, минатата биле побарани 25 дозволи, а предминатата дури 125.

– Самите љубители на шумски плодови и лековити растенија се информирани за нивниот род и намалените приноси како резултат на лошите временски услови, а тоа е сигурно една од причините за намален интерес за издавање на дозволи од страна на подружницата „Бор”, рече тој.

Тој додаде дека можеби постојат и други причини за намалениот интерес за дозволи за берење на шумски плодови и билки со лековити својства.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close