Од денеска започна исплатата на повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците.
На околу 17.000 земјоделци кои оствариле продажба на земјоделски производи, до крајот на годинава ќе им бидат вратени вкупно 80милиони денари.
-Од целиот годишен приход на земјоделците, 80% се одбитоци, со што ефективно останува даночна основа од 20%. Таа даночна основа се оданочува со 10%.
На тој начин, земјоделците ефективно плаќаат данок од 2% на нивните вкупни годишни приходи.
-Така, доколку земјоделецот во дадената година остварил приход од 1.000.000 денари, неговата даночна основа била 200.000 денари, а платениот данок – 20.000 денари.