вестиСоветиТоп вести

Зимска заштита на овошките

Зимска заштита на овошките

Периодотод зимското мирување овоштарите го користат за зимска резидба и заштита на овошките од болести и штетници. Заштитата се извршува со механички и хемиски мерки. Механичките мерки повеќе се спроведуваат кај помалите овоштарници и истите опфаќаат: чистење на стеблата од гасенични гнезда, отстранување на заразени делови од растенијата и собирање и горење на паднати лисје и трули плодови.

Со извршување на горните работи ги отсрануваме потенцијалните жаришта од бполести и штетници, од каде што рано во пролетта излегуваат спори и габи, или имага од штетници, кои извршуваат примарни зарази. Хемиските мерки за заштита опфаќаат прскање на овошките со пестициди, со кои се сузбиваат болестите и штетниците. Некои штетници и болести презимуваат на гранките, или под кората, при што со зимското прскање се уништуваат нивните легла.

Прскањето се извршува во периодот на зимското мирување и тоа исклучиво при сув, топло и мирно време. Зимската заштита како мерка задолжително се применува кај повеќето овошни видови. Најчести штетници кои се сузбиваат со зимската заштита се: лисни и штитести вошки, цветојад, молец, губар, жолтомешка, свиткувач, крушова болфа, мразовец, црвен пајак и др. Од инсектициди кои се користат за сузбивање на наведените штетници во овој период се маслените препарати: Бело масло 1%, Олеоултрацид 0,3%, Фолидол масло 0,5% и др.

Од болести, кои се сузбиваат со зимското прскање се: краставост на плодовите, пепелница, кадравост и сачменка на лисјето, монилија, рогачење на плодовите, бактериска пламеница, рак на кореновиот врат и др. Од фунгициди кои се користат за сузбивање на болестите се: Бордовска чпрба 1- 2%, Шампион 1%, Бакарен Антракол 0,4% и др. Заштитата против болестите и штетниците може да се извршува посебно, но најчесто комбинирано, со мешање на двете компоненти.

Советник Стеван Стојковски

АПРЗ

Слични написи

Back to top button
Close