fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Предвремена пензија нема

Граѓаните ќе почекаат да се реализира ветувањето на Владата за докуп на стаж и порано одење во пензија

 

 

 

Граѓаните ќе почекаат да се реализира ветувањето на Владата за докуп на стаж и порано одење во пензија. Ова нема да се реализира од стартот на следната година бидејќи како што вели министерката Шахпаска – сега не е приоритет. Во фокус  се измените на законот за работни односи со кои ќе може да се продолжи  работниот век на здравствените работници како и на оние во високото образование.

Измените кои ќе овозможат граѓаните да го докупат стажот и порано да заминат во пензија Владата има рок да ги реализира до крајот на четиригодишниот мандат а не во првите 100 дена брифираат од Труд. Додека не поминат измените на законот за работни односи кои се во собраниска процедура ова прашање нема да се отвори.

Идејата за докуп на стаж ја најави премиерот Заев. Тој тогаш ветуваше дека ќе има можност да се оди во пензија 5 години порано, но со намалено примање како и дека граѓаните ќе можат да си го докупат стажот доколку им фали за да остварат право на пензија.

Извор: https://sitel.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close