fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Франција се шири птичјиот грип, заразени 151 живинарска фарма

Југозападниот дел на земјата е најтешко погоден поради концентрацијата на живинарството

Во Франција се шири птичји грип од кој се заразени 151 живинарска фарма, соопштија тамошните власти, додавајќи дека најпогоден е југозападниот дел на земјата.За само 24 часа заразени се 21 фарма, соопшти француското Министерство за земјоделство.„Вирусот е активен и циркулира.

„Југозападниот дел на земјата е најтешко погоден поради концентрацијата на живинарството“, се вели во соопштението и се додава дека се откриени 21 случај на зараза кај дивите птици.Франција има околу 20.000 живинарски фарми за месо, јајца или за производство на паштета од црн дроб од патка или гуска, што е специјалитет во земјата.

Птичјиот грип првпат беше идентификуван оваа зима на 26 ноември на северот на Франција, а оттогаш се прошири и на другите фарми на север и стигна до југозапад, каде што сега се концентрирани повеќето случаи на зараза.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close