fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Протест на тутунари од прилепско, бараат реална процена на тутнот

 

Дел тутунари од Прилепско денеска еден час го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско, на излезот од градот кон Плетвар барајќи, како што велат, реална процена на тутунот, а не за класа пониско како што е сега со што се оштетени производителите.

Според Љупчо Ѓорѓиоски, тутунар од Прилеп, неоткупени се околу 2 000 тони тутун.

-До новогодишните празници, тутунот се откупуваше многу реално, како што си ги носи класите. Сега се купува за класа пониско. Имаме голем проблем. Сакаме да ни се откупи по цена по која се купуваше реално, а не класа подолу, да се отворат сите пунктови и сите што откупуваа да го платат според реалната класа. Ништо повеќе не бараме. Дома имам 100 картони неоткупен тутун. И да се донеси закон за да не се увезува тутун, туку македонскиот тутун, тип „Прилеп”, да се откупува и реално да се плати. Сите компании имаат по еден пункт отворен и ни сугерираат која класа да го дадеме, вели Ѓорѓиоски.

Велат дека реагирале до инспекциските служби, но оти никој не презел ништо.

Целиот текст може да се прочита ТУКА.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close