fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Росоман и Картманово го победија Башино Село во садење на млад кромид

Причината е што младите не се заинтересирани, па бавчите останаа да ги работат возрасните.

Тивко е во велешко Башино Село, кое до пред некоја година беше најголем одгледувач на млад кромид во Македонија. Ја нема вообичаената пролетна слика на бројни производители и откупувачи на оваа раноградинарска култура. Плоштадот во Башино Село е празен, откупувачи нема, останаа само спомените од едно минато време, кога камиони оттука го разнесуваа овој зеленчук по пазарите низ земјава и пошироко, објави https://sdk.mk/

Последните години малкумина од локалните семејства го садат овој зеленчук. Причината е што младите не се заинтересирани, па бавчите останаа да ги работат возрасните.

„Младите се вработија во странските фирми кои отворија фабрики во Македонија. После работа одмораат, не им е до бавчите и фолиите и така дојде време да нема кој да го одгледува младиот кромид. Останаа повозрасните да го работат“, вели Димче Далевски, жител на Башино Село.

Селото своевремено го снабдуваше и пазарот со 22 милиони жители во поранешна Југославија, но поради ниската цена и немањето организиран гарантиран откуп сега ги задоволува исклучиво потребите на велешани. До пред некоја година младиот кромид се откупуваше за Хрватска, но интерес повеќе нема.

Неколку години наназад младиот кромид и младиот лук најмногу се одгледуваат во Каратманово, Овче Поле.

„Имам 65 години и со млад кромид и лук работам од 25. година. Одамна одгледуваме, само сега го бараат и откупуваат. Ако еден врзоп на пазар е 15 денари, прекупци од Скопје ни го откупуваат за осум денари, толку се цени трудот“, кажа Славе Младенов, земјоделец од Каратманово.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close