fbpx
ВестиТоп вести

Учество на АПРЗ на консултативна работилница од извештајот за брза проценка на пазарот на млеко и млечни производи

На 17.09.2019 година во Хотел Кристал палас во Прилеп,  АПРЗ зеде активно учество на работилницата за брза проценка на пазарот на млеко и млечни производи која беше спроведена во рамки на проектот за воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите.  Општата цел на проектот е зголемување на пазарните можности, економски развој и севкупното производство во земјоделскиот сектор, истовремено подобрувајќи ја конкурентоноста на земјоделскиот сектор во согласност со барањата за пристапување во ЕУ, односно

  • Зајакнување на капацитетот на јавните институции за осмислување, спроведување и следење на политиките за заедничко уредување на пазарите
  • Утврдување на усоглаени пазарни и интервентни мерки за заедничко уредување на пазарите за одредени производи и
  • Промовирање и зголемување на спроведувањето минимални стандарди за квалитет и маркетинг на млеко и млечни производи.

 

На оваа работилница беа презентирани резултатите од испитувањата и извршената SWOT и PEST анализа во секторот за производство на млеко и млечни производи и беа предложени низа мерки за подобрување на состојбата во овој сектор.

Од страна на УСАИД проектот беше презентирана состојбата на фармите денес и начини за полесно искористување на фондовите.

Од страна на АПРЗ која е дел од синџирот за реализација на мерките за земјоделство и рурален развој  беше предложено мострите за испитување на сурово млеко да ги зема независно тело согласно законот на квалитет на земјоделски производи и да се формира референтна  лабораторија која ќе има значајна улога  за добивање на вистинската слика со  квалитетот на суровото млеко со што би се подобрила состојбата во секторот млеко производство односно исплатата по квалитет на суровото  млеко.

Извор: АПРЗ

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close