1.500 денари најмалку за јагнешко на велигденската трпеза
Ретко кое јагне ќе биде помало од 10 килограми.
Велигденската трпеза годинава за многу Македонци ќе помине без традиционалното јагнешко печење, судејќи по цените на месото за овие празници.
Ако лани кило јагне беше околу 500 денари, годинава тоа чини над 550. Имајќи предвид дека најмалку може да се купи четврт јагне, односно најмалку 2,5 килограми во зависност од самото јагне, цената за едно парче е најмалку 1.400 денари. Имајќи предвид, пак, дека годинава Велигден е во мај, ретко кое јагне ќе биде помало од 10 килограми.
Во месарниците во кои наминавме, скоро секаде, цената за кило јагне е точно 600 денари. Во зависност од кој дел од јагнето ќе го земете, предна или задна четвртина или половина јагне, со него го добивате или џигерот или главчето.
Низ маркетите цената е од 550 па нагоре.
Во „Рамстор“ цената за килограм јагне е 549 денари, а со купено четврт добивате лименка пиво. Во „Веро“, исто така, за купено четврт добивате лименка пиво, а цената за килограм е 559 денари.
Во „Тинекс“, пак, цената е 569 денари за килограм, но со купено четврт јагне се добива газиран пијалок, кисела вода и лименка пиво.
Најскапо е јагнето во „КАМ“, каде цената за килограм е 639 денари.https://republika.mk/