fbpx
Вести

100% оштетувања на кајсии во Неготинско од пролетни ниски температури

Стопроцентни се оштетувањата кај кајсиите во Неготинско како последица на пролетните ниски температури. Ова го покажале проценките на терен од страна на општинската Комисија за проценка на штети.

100 procenti oshtetuvanja na kajsii vo negotinsko od proletni niski temperaturi

 

Како што информираше Митко Толовски, член на комисијата, оштетувања има и кај праските и сливите, но и кај лозовите насади.

-Бидејќи максималниот процент на оштетување кој може да го даде комисијата е 85 отсто, забележавме дека токму толку изнесуваат последиците од пролетните ниски температури кај кајсиите. Кај праските и сливите има оштетување од околу 50 до 85 проценти. Негативното влијание на ниските температури во пролет е најмало кај лозовите насади, таму штетите се проценуваат на 15 до 50 отсто, соопшти Толовски.

Тој додаде дека последиците од неповолните временски услови оваа пролет се најголеми кај земјоделските површини од двете страни на реката Вардар. Во околината на селата Пепелиште и Криволак, но и кај неготинско Војшанци.

-Записниците од проценките на штетите на терен се готови, следуваат пресметките и изготвување на елаборатите, кои подоцна ќе бидат доставени до Министерството за земјоделство, појасни Толовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close