fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Белгиски земјоделец случајно ја поместил границата со Франција

Земјоделец во Белгија предизвика метеж откако ненамерно ја „прекроил“ границата на земјата со Франција.

Еден локален вљубеник во историјата шетал низ шума кога забележал дека каменот што ја означува границата меѓу двете земји е преместен за 2,29 метри.

Белгискиот земјоделец, очигледно изнервиран од каменот што му стоел на пат на неговиот трактор, го преместил во територијата на Франција.

Наместо да предизвика меѓународна бура, инцидентот беше дочекан со насмевки од двете страни на границата, вели Би-би-си.

„Тој ја направи Белгија поголема, а Франција помала, тоа не е добра идеја“, изјави за францускиот ТВ канал ТФ1 Дејвид Лаво, градоначалник на белгиското село Еркелин. Ваквиот потег предизвика главоболка и кај приватните сопственици на земјиште, посочи тој, а камоли кај државите-соседи.

Границата помеѓу Франција и денешна Белгија се протега на 620 км. Официјално е утврдена според Договорот од Кортријк, потпишан во 1820 година по поразот на Наполеон кај Ватерло пет години пред тоа. Каменот датира од 1819 година, кога за првпат била обележана границата.

„Бев среќен, мојот град беше поголем“, додаде со смеа белгискиот градоначалник. „Но градоначалникот на Бусињи-сур-Рок не го делеше моето мислење“.

„Треба да можеме да избегнеме нова гранична војна“, весело изјави за Ла во ду Норд градоначалникот на соседното француско село, Аурели Велонек.

Локалните белгиски власти планираат да исконтактираат со земјоделецот и да побараат од него да го врати каменот на првобитната локација. Доколку тоа не се случи, случајот би можел да заврши во белгиското Министерство за надворешни работи, кое ќе мора да ја свика француско-белгиската погранична комисија, која е во мирување од 1930 година.

Г. Лаво истакна дека земјоделецот може да се соочи и со кривична пријава ако не го исполни тоа.

„Ако покаже добра волја, нема да има проблем, спогодбено ќе го решиме ова прашање“, изјави тој за белгиската веб-страница Судинфо.https://www.mkd.mk/svet/vesti/belgiski-zemjodelec-sluchajno-ja-pomestil-granicata-so-francija

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close