fbpx
ВестиТоп вести

Палењето стрништа ги намалува приносите и загадува

 

Како завршува жетвата на оризот така веднаш почнува најдеструктивната појава кај оризо производителите а тоа е палењето на стрништата. Оризот како житна култура дава солидни приноси во просек по околу 6 до 8 тона арпа од хектар но зад себе остава уште толку слама која. Најлошото решение е оваа слама да се запали. Палењето на жетвените остатоци ги намалува приносите бидејќи со тоа сами на себе сте си непријатели.

 

Жива почва – висок принос. Не пали, не уништувај

 

Запалениот оган и температурата која се развива ги уништува микро организмите и црвите во површинскиот слој кои се и клучните фактори за плодноста на почвата. Спалени почви без микро биолошка активност се почви кај кои е деградацијата е главен фактор и тие се многу слабо родни. Без микро организми вештачките ѓубрива за кои се фрлаат пари остануваат слабо достапни за корењата на растенијата бидејќи токму микро организмите ја имаат таа улога да ги разлагаат до достапни елементи хранливите состојки. Покрај микро организмите големи штети со огнот се прават и за азотот кој се губи неповратно, за хумусот , органскиот дел а со сето тоа се губи и плодноста на почвата. Според некои груби проценки на експертите со палењето на жетвените остатоци од еден тон слама се губи по еден килограм азот или од хектар  се губат околу 10 килограми чист азот назад во атмосферата. Тоа пресметано во пари според просечните цени на ѓубривата и процентот на застапен азот во нив произлегува дека се по околу 10 евра од хектар или на 4 илјади хектари колку што го има само оризот тоа е загуба од 40 илјади евра која загуба земјоделците несвесно ја плаќаат потоа преку вештачките ѓубрива за да го вратат азотот назад во почвата иако тоа не е исто достапно.

-Со палењето на жетвените остатоци се согоруваат органски материи меѓу кои и азотни соединенија кои при согорувањето во допир со водата од облаците создаваат азотна киселина која е дел од киселите дождови што понатаму негативно влијаат и го уништуваат растителниот свет, влијаат на намелени приноси го загрозуваат здравјето на луѓето со нивното сливање и мешање со подземните води рече Валентин Захариев советник во агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Кочани.

 

Земјоделецот создава – не уништува. Не пали стрништа

 

Освен огромната штета врз плодноста која резултира со се помали приноси од оризот секоја година палењето на жетвените остатоци е штетно и за животната средина бидејќи се врши енормна емисија на стакленички гасови и ПМ 10 честички во воздухот на кои се изложени токму земјоделците и нивните најблиски од регионот каде горат огновите. Огнот е штетен и за биодиверзитеот и за живиот свет нарушувајќи го природниот баланс и загрозувајќи го синџирот на исхрана. Освен што е штетно палењето на жетвените остатоци е и опасно по човечките животи и имоти.

-Често знае неконтролираниот оган да запали и уништи некои помошни објекти кои се наоѓаат во поседите на земјоделците, штети често има и на лозови и овошни насади кои се долгогодишни а имавме случај да се запали и човек од запалените стрништа. Ние имаме толку многу интервенции на спалени стрниште што сме целосно посветени на нивно гасење често оставајќи ги го градот без соодветна против пожарна заштита рече Влатко Јафтимов заменик командир на територијална против пожарна единица Кочани.

Палењето на стрништата е забрането со закон и досега инспекторите имаат изречено околу 50 тина казни по законот за почви. Во земјите од регионот палењето на стрништата е врзано со субвенциите. Ако палиш стрниште единствено што ќе изгори се парите од субвенциите. Алтернативни решенија за сламата сепак има. Таа може да се заора, да се мулчира, да се избалира по што се третира со уреа па оди за добиточна храна. Она што се очекува да биде долгорочно решени на проблемот е пречистителната станица која од скоро е изградена со донација од Швајцарската влада во Кочанско а кон која во иднина ќе се приклучи и Виница. Во неа добиената мил ќе се меша со оризова слама од што ќе се прави компост кој во иднина ќе служи за ѓубрење на нивите. Идејата на надлежните е да им се дава компостот на земјоделците кои за возврат ќе донесат бали со сено. Засега ова се одвива како пилот проект со неколку земјоделци во близина на пречистителната станица но ако се биде како што треба според капацитетот оваа станица ќе има потреба од целата слама од оризовите полиња. На овој начин нема да се палат жетвените остатоци и нема да се прави загадување, а двоен бенефит ќе има со ѓубрењето со компостот со кој ќе се враќа плодноста на почвата во кочанскиот регион.

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close