fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

30 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството

30 стипендии во износ од 18.000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. 

Доделуваме 30 стипендии во износ од 18.000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој информираше и во кои насоки се работело за подобри можности за студентите во оваа област.

-Ги вклучуваме студентите во изработка на програми и закони, преку волонтирање во рамките на МЗШВ и Управите во состав. Потпишавме Меморандум со Факултетите со што овозможуваме организирање и реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите. Заедно со Факултетот за ветеринарна медицина набавивме софистицирана аналитичка лабораториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна. Вие младите сте сегашноста, инвестираме и вложуваме во вашата иднина. Нека е честит Меѓународниот ден на студентите! – истакна Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close