3000 евра неповратни средства за жени носители на земјоделски стопанства
Во рамки на Програмата за рурален развој денеска директорот Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски го објави Јавниот повик за Мерката 115 Активен женски член во домаќинството.
Со оваа мерка сите жени кои се активни носители на земјоделско стопанство може да искористат 3000 евра неповратни средства.
„Оваа мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки се воведе за првпат, а целта е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени, а со тоа подеднакво да придонесат во развојот на земјоделството. Мерката за развивање во последната година, со што се создадоа услови за објавување на јавниот повик. Очекуваме да има голем интерес за оваа мерка “, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
„Крајниот рок за доставување на барањата и потребната документација е 26 декември 2019. Оваа мерка е наменета и креирана за сите жени кои сакаат да создаваат свои бизниси во рурална средина. Право на користење на средства имаат жени кои се носители на земјоделско стопанство и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство шумарство и водостопнаство“, рече Николче Бабовски директор на платежната агенција..
Преку оваа мерка може да се искористат средства за кипување на опрема за преработка, пакување, мерење квалитет на производите, за преработка и создавање производи со поголема додадена вредност.
П.Ј.