fbpx
Вести

360 хектари најплодна земја во штипско останува необработена

Михаило Михаилов, земјоделец од штипското село Караорман веќе со години не може да се помири со фактот дека 360 хектари првокласно земјиште не се обработува. Имено во 2004 година земјиштето е дадено под 30 годишен закуп на фирмата „Поледелство“ од с. Таринци, со грејс период за отплата на закупнината од 4 години, период кога и нешто се садело на површините, но од тогаш па наваму целата земја е обрасната со трње и трска. Во време кога земјата била во сопственост комбинатот ЗИК „Црвена Ѕвезда“ имало 100 -тина сезонски работници, а сега во фирмата има само директор.

360 hektari najplodna zemja vo shtipsko ostanuva neobrabotena

 

– Со 360 хектари земјиште нема ниту еден вработен – изјави изјави Михаило Михаилов

Михаилов додава дека ова е одлична можност во време кога Владата води кампања за останување и враќање на младите на село, да се реши овој проблем.

– Барам договорот да му се ракине. Министерството за земјоделие да распише оглас и земјата да се даде на млади луѓе, да се задржат овде, а не да одат во Италија и да си работат тука – изјави Михаилов

Закуподавачот може еднострано да го раскине договорот ако закупецот не го користи за земјоделско производство. Земјата е поделена на 6 парцели, а некои од нив се толку обраснати што во нив се кријат и волци.

– Јас чувам овци. Минатиот пат 6 овци ми изедоа волците на тоа место – додава Михаилов

Михаилов тврди дека најплодната земја останува необработена, а на истата пред 15 година се садело ориз, сончоглед, раноградинарски култури и фуражни растенија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close