вестиМакедонијаТоп вести

„360 Степени“:Колку пари од евроспките фондови искористуваат земјодeлците

 Веќе 14 години земјоделците во Македонија имаат пристап до европските фондови за одржливо и конкурентно земјоделство, програма позната под кратенката ИПАРД, пишува 360 Степени .мк.

 

„Нашата држава мислам дека стана и лидер во регионот за искористување на тие ИПАРД-средства“,

сметаат од државните институции.

Терминот „искористување“ се користи затоа што, за разлика од домашните, европските субвенции се добиваат само со издржан план за развој и вложување и сопствени средства.

„Видете уште малку да го олесните. Има многу документација обемна“, „ние позади Европа сме 100 години, вие ни барате европски услови“,

се само дел од коментарите на земјоделците.

Од 2007 до 2020 година македонските земјоделци имаа можност да „земат“ 140 милиони евра од ИПАРД-програмата. Колку искористија и зошто се уште има непотрошени пари?

На почетокот на месецов карван на Министерството за земјоделство стигна во Гостивар. Во Домот на млади, државни службеници им ја презентираа мерката 1 од ИПАРД 2 програмата на локалните земјоделци. Народски кажано, има 9 милиони евра за субвенции кои мора да се побараат до 14 април за инвестиции во сточарско производство, преработка, маркетинг или производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка

„Вашиот интерес треба да биде во таа насока што поконкретно и како да доаѓате полесно за апликација, како може да се приближите, да се придобијат и искористат овие фондови“,

рекоа претставници од државните институции.

Но, за воопшто да може да се побара од овие пари, треба да се исполнат редица услови – прво, уредни документи и регулирани сметки, а потоа план и желба за инвестиции во развој. А, кај нас дебатата е во ваква атмосфера…

„На тоа место имам имотен лист, но немам дозвола за градба. Тука паѓаме сите, 90 насто од луѓето паѓаат на таа точка“.

„ИПАРД фондовите бараат и малце и поголема заложба, имаат обемна документација, треба навреме“.

„Се прави баук од ИПАРДОТ, меѓутоа, едноставно и изџвакано е се“.

„Сите села во околината немаат дозвола за градба, тоа било така и така е уште“.

Условите од годинава навистина се построги, но тие треба да го скратат времето на чекање – дали некое барање за европски грант е прифатено или не. А и потребните документи сега може да се најдат на интернет. Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Извор: 360 степени.мк

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close