fbpx
Вести

Бурекчилниците и сендвичарниците имаат воведено НАССР, но не го одржуваат

Во Агенцијата за храна велат дека проблемот не е во големите фирми кои работат со храна бидејќи таму постојано се вложува во надградување на системот.

burekchilnicite i sendvicharite imaat vovedeno nassr no ne go odrzhuvaat

 

Купувате појадок од маалскиот млечен ресторан и секој ден продавачката без ракавици ви сече бурек, зема пари од вас, ја отвора касата и ви враќа кусур. Потоа зема кеса, ви ја пакува нарачката и пак го служи следниот муштерија. И така додека не и заврши смената. Ниту миење на рацете ниту ставање ракавици за да ги земе парите. Истото се случува и ако сте љубител на брзата храна, истата продавачка ги прави плескавиците и ќебапчињата, таа ги пече и таа е единствена што наплаќа. Во Агенцијата за храна велат дека повеќето од фирмите го имаат имплементирано системот за безбедност на храна НАССР, но главен проблем е неговото одржување. Помалите објекти, пак, работат на отстранување на евентуално констатираните недоследности во безбедносните системи констатирани со инспекциските контроли.

HASAAP--jagninja-za-veligde

Има недоследности

– Агенцијата за храна и ветеринарство врши постојан надзор на домашните производители и увозници на храна и контрола дали операторите ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност, вклучително и НАССР. Контроли се вршат во сите фази на производство, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна и храна за животни. При постоење сомнеж, покрај редовните, се вршат и вонредни контроли, често постапувајќи и по претставки поднесени од страна на граѓаните, велат во Агенцијата. Според нив, генерално, поголемите индустриски капацитети во целост го имаат имплементирано, го одржуваат и го надградуваат НАССР-системот за контрола на безбедноста на храната.

– Овој систем е законска обврска од 2008 година и налага сите оператори со храна во постпримарното производство да го имплементираат. Соодветната имплементација е предмет на контрола уште при одобрувањето на објектите, а понатаму, најмалку еднаш годишно и предмет на официјална контрола од страна на инспекторите. Повеќето од операторите го имаат воведено НАССР-системот. Еден од основните проблеми е неговото одржување велат во Агенцијата. Проблемот е посебно изразен кај помалите оператори.

hasap[2]

– Операторите со храна од помал обем во соработка со инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство и со консултантските компании континуирано работат на отстранување на евентуално констатираните недоследности во безбедносните системи констатирани со инспекциските контроли. Во најголемиот број случаи, во согласност со одредбите од Законот за безбедноста на храната, по наложените мерки од страна на инспекторите за храна и извршените едукации, констатираните недоследности со контролите се отстрануваат од страна на операторите. Во случаите кога не се постапува по наложените мерки во согласност со законот, предвидени се и соодветни парични казни објаснуваат од таму.

hasap

Постојана едукација

Во фирмите што го спроведуваат сертификатот велат дека нивната работа завршува со спроведување на законската обврска, но понатаму системот го спроведува самата фирма.

– Кога доаѓа клиент што сака да воспостави НАССР-систем за безбедност, тогаш ние одиме на терен, ја снимаме состојбата, им сугерираме што треба да се доправи во самата фирма, како да се среди инфраструктурата и ги подготвуваме документите. Понатаму одржувањето на системот и воведувањето новитети кои повторно се по системот е на самата фирма, велат во една од фирмите што го спроведува НАССР. Според нив, системот е законска обврска и сите што работат со храна мора да го имаат имплементирано.

Во Министерството за економија неодамна изјавија дека во државава нема институција што ја има вкупната бројка на фирми кои го имаат воведено стандардот бидејќи во најголем дел фирмите самоиницијативно го воведуваат.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close