fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Аларм за опасност од пожари поради сушниот период и високите температури

Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на одговорно однесувње со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети.

Дирекцијата за заштита и спасување алармира за зголемена опасност од пожари на отворен простор и апелира до граѓаните на одговорно однесувње со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети.

– Поради зголемените температури во следните неколку денови и настапување на сушен период  зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор и ваквата состојба наложува мобилност на сите субјекти во заштитата од пожари: ЈП Национални шуми,  Единици на локална самоуправа, Територијални противпожарни единици и УХМР – велат од ДЗР.

Оттаму апелираат граѓаните да се однесуваат одговорно со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close