fbpx
ВестиТоп вести

6 необични начини да употребите ориз

oriz

Ќе се изненадите кога ќе дознаете како со помош на ориз можете да решите некои секојдневни, но и навистина необични проблеми. Кој би рекол дека овие зрна може да имаат толку широка примена во нашите животи?!

Оризот можете да го употребите за да да го спасите телефонот, да измиете шише, да го негувате вашето лице и за уште многу работи. Продолжете да читате и откријте ги сите придобивки што ги најдовме.

Спречува згрутчување на солта

За да ја спречите солта да се згрутчи во соларникот, во него секогаш чувајте и неколку зрна ориз. На тој начин оризот ќе ја впие влагата и солта секогаш без проблем ќе тече од соларникот.

За чистење на шишиња

Со оризот може да чистите шишиња, вазни и друга стаклена амбалажа и украси. Едноставно турете неколку лажици ориз во шишето кое сакате да го исчистите и додадете малку топла вода. Оставете го да кисне околу 10 минути, а потоа протресете го силно неколку пати и на тој начин ќе се исчистат сите дамки кои биле наталожени на шишето.

Ориз во боја за играње

Оризот во боја кој може да се користи за украс или за играње се направи многу лесно. Ставете го оризот во пластична ќеса во која ќе додадете малку 70 % алкохол и боја за храна по ваша желба. Затворете ја ќесичката и протресете ја. По некое време извадете го оризот надвор и оставете го да се исуши. Вака избоениот ориз може да го наредите по боја во тегли и да го користите како украс или да им го дадете на децата за со него да си играат или да прават интересни колажи.

За електроника

Доколку мобилниот телефон ви падне во вода, можете многу лесно да го спасите така што најпрво ќе му ја отстраните батеријата, а потоа во еден подлабок сад ќе го посипите со ориз. На тој начин влагата од телефонот ќе се апсорбира во оризот без да настанат никвави оштетувања во него.

За домашно креирање на играчки

Оризот може да биде одлична замена за пластичните топчиња со кои се полнат плишаните играчки за деца или за домашни миленичиња. Само наполнете ја со ориз, сошијте ја и вашата играчка е спремна за играње.

Ја подмладува кожата

Водата во која сте вареле ориз е одлична за нега на вашата кожа. Кога ќе се излади ставете ја во фрижидер и искористете ја во рок од три дена. Третирањето е едноставно. Само нанесете ја оризовата вода со раце или со помош на памук на вашето лице, оставете ја кратко да дејствува и исплакнете ја кожата со чиста вода. За оваа намена се препорачува да се користи кафеав ориз, бидејќи тој е побогат со витамин Е, па вашата кожа ќе добие здрав сјај.


 

се за храна.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close