60 тони велешки млад кромид на пазарот во Хрватска
Вкупно 60 тони млад кромид се извезени од велешко Башино Село за Хрватска.
Како што информираа производителитеВелешкиот млад кромид на пазарот во Хрватска, годинава се извезени пет шлепери од по 12 тона или вкупно 60 тона млад кромид. Тие изјавија дека само делумно се задоволни од извозот иако откупувачот веднаш им исплатил. Цената, според нив, била далеку пониска споредено со лани.
Споредено со минатата година, кога беа извезени десет шлепери, годинава извозот е двојно помал. Производителите тогаш имаа и извоз на помали количества млад кромид во Романија и Србија. Тие велат дека иако имало снег деновиве и ниски температури што им ја отежнувало работата, сепак вредно работеле од утро до мрак цели семејства, за на време да ги испорачаат договорените количества млад кромид.
Производителите потенцираат дека најголем дел од годинашното производство на млад кромид или околу 70 отсто, кој скоро целосно се произведува под фолии, по минимални цени се продава на велешкиот, скопските и останатите пазари во земјава.
Од 200 куќи во Башино Село, кое има илјада жители, околу 120 семејства и годинава најголем дел од својата езистенција ја наоѓаат во производство на млад кромид, кој во нивните бавчи се сади континуирано повеќе од 40 години.