fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Преспа ќе развива земјоделие и туризам преку поддршка на иновативни бизнис идеи

ПРЕДА ПЛУС Фондација во рамки на своето делување ќе реализира акцелераторски стартап програми во општина Ресен, кои преку специјално дизајнирани обуки, тренинзи и друг тип на услуги за поддршка на стартапи и иновативни бизнис решенија ќе придонесат во економскиот развој на регионот. 

Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски и директорката на Преда Плус Фондација, Маријана Милевскана потпишаа Меморандум за соработка во насока на развивање на стартап еко-системот за поддршка на претприемничка култура и иновации во Преспанскиот регион.

Со Меморандумот е предвидено интензивирање на соработката со цел унапредување, промовирање и поттикнување на развојот на стартап сцената во општина Ресен преку поддршка на иновативни бизнис идеи.

ПРЕДА ПЛУС Фондација во рамки на своето делување ќе реализира акцелераторски стартап програми во општина Ресен, кои преку специјално дизајнирани обуки, тренинзи и друг тип на услуги за поддршка на стартапи и иновативни бизнис решенија ќе придонесат во економскиот развој на регионот.

„ПРЕДА Плус ја започнува новата 2023 година во знакот на иновациите во два сектори кои некако се ставени настрана кога зборуваме за примена на интелигентните технологии на новото време. А тоа е земјоделието и туризмот. Ова ќе биде нов праг во развојот на овие две гранки кои имаат поврзаност. И светот веќе така ги развива, во пар. Потенцијалот е огромен кај нас, но ни требаат и нови технологии за да бидеме поефикасни и конкурентни. Затоа, подгответе се за иновации во овие сфери кои досега имаа екстензивен развој. Ова е будење и за сите со иновативни идеи кои ќе знаат да го спојат земјоделието со технологија-Агритек и туризмот со технологија-Туртек. Најавуваме нова стартап програмата на ПРЕДА Плус која ќе биде фокусирана на овие две теми, а регионот во кој прво ќе работиме е Преспа”, изјави Маријана Милевска, директорка на Преда Плус Фондација.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close