fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

82 таблет уреди за децата од ООУ„Крсте Петков Мисирков”Бистрица и подрачните училишта

Донација на Кина

Денес со Амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Занг Ѕуо ја врачивме донацијата од 82 таблет уреди за децата од ООУ” Крсте Петков Мисирков” во Бистрица и подрачните училишта. Задоволство и чест беше да сме меѓу децата на кои им посакав здравје, успех и љубопитност во новата учебна година, објави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Активноста е резултат на посредувањето и отворената комуникација, како и континуираната и блиска соработка на Собранието и Амбасадата, особено на претседателот Џафери со амбасадорот Ѕуо во текот на целиот негов мандат и на чијашто иницијативата се реализира доделувањето на оваа донација во висина од 10.000 долари за Република Северна Македонија. Претседателот во своето обраќање пред децата и наставниот кадар истакна дека пандемијата од Ковид-19 покажа дека иако институциите се еден чекор напред при планирањето на активностите, одредени предизвици доаѓаат ненајавено. Таков пример е потребата од следење на онлајн настава за децата, особено на децата од ранливи категории, кои благодарение на несебичното залагање на наставниците во изминатиот период успеаја да постигнат одлични резултати. Иако донацијата се реализира при крајот на учебната година, претседателот Џафери истакна дека таблет-уредите ќе може да се користат и идната година, иако искрено се надева дека поради имунизијата на населението учениците ќе се вратат во своите клупи со што овие уреди ќе може активно да се користат како нагледни средства и алатка за истражување и постигнување на уште подобри резултати.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close