fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

За полн резервоар во автомобилот Македонците работат 21 час, Словенците 8, а Германците само 6 часа

Најевтиното гориво е во БиХ

Иако цената на горивото се зголемува и на глобалниот и на регионалниот пазар во последните неколку месеци, пресметката покажува дека постои голема разлика помеѓу земјите кога станува збор за односот на платите и парите што треба да се издвојат за наполни гориво „до врв“.

Така, во Црна Гора каде што просечната плата е 529 евра, потребни се 65,5 евра за 50 литри бензин, што значи дека граѓаните таму треба да работат речиси 22 часа. За 50 литри бензин, што е просечен капацитет на резервоарот во автомобилите, граѓаните на Србија треба да платат 65,6 евра, а оние што возат „дизели“ нешто повеќе од 67 евра. Со просечна плата од 555 евра и осумчасовно работно време, заработуваат 3,1 евра на час, што значи дека им требаат 21 час работа за полн резервоар, или нешто повеќе од два и пол работни дена, пишува Блиц. Ако користат дизел, ќе им треба половина час повеќе.

Македонците имаат плата од 458 евра, така што за полн резервоар што ги чини 55,5 евра, тие поминуваат нешто повеќе од 21 час на работа.

Возачите во Босна и Херцеговина мораат да работат малку пократко, бидејќи просечната плата во оваа земја е 504 евра, но и бензинот е поевтин, па за полн резервоар се потребни околу 51 евро. Ова значи дека за 50 литри гориво, тамошните граѓани работат нешто помалку од 18 часа.

Горивото во Хрватска е најскапо меѓу земјите од поранешна Југославија, затоа се потребни 70 евра за да се наполни резервоарот „до врвот“. Сепак, со просечна плата од околу 950 евра, или по час од 5,4 евра, хрватските возачи можат да ги наполнат резервоарите на своите автомобили за помалку од 13 часа работа, или нешто повеќе од еден и пол работни дена.

Во оваа математика најдобро поминаа граѓаните на Словенија, кои имаат највисоки просечни плати – околу 1.290 евра, па за полн резервоар што ги чини 59,85 евра, треба да поминат околу 8,2 часа на работа, односно еден работен ден и уште 12 минути.

Во многу подобра позиција се возачите во Германија, каде просечната цена на горивото е 1,42 евра, а просечната плата е нешто повеќе од 2.000 евра. Математиката е јасна – тие треба да платат 75 евра за полн резервоар, што значи дека треба да работат само 6 часа.

Најевтиното гориво е во БиХ

Во време кога многумина се подготвуваат за патувања и одмори, цените на горивата во регионот можат да бидат клучни во одлучувањето каде да се наполни резервоарот, или по кој пат да се оди до морето. Бензинот во Србија во моментов може да се купи за 155 до 160 динари за литар, а дизелот за 159 до 165 динари.

Најевтино гориво во регионот користат возачите во Босна и Херцеговина, каде литар бензин чини 1,02 евра, а дизелот 0,97 евра. Дизелот во Северна Македонија чини 0,99 евра, додека безоловниот бензин е нешто поскап и чини 1,11 евра, пренесува Банкар.ме.

Во Хрватска цените на горивото се во пораст, па литар бензин е 1,40 евра, а дизелот  1,36 евра, додека во Словенија бензинот чини 1,19 евра, а дизелот 1,24.

Бензинот во Црна Гора чини 1,31 евро за литар, додека дизелот е 1,16 евра.https://nezavisen.mk/za-da-napolnat-rezervoar-vo-avtomobilot-makedoncite-rabotat-21-chas-slovencite-8-a-germancite-samo-6-chasa/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close