fbpx
ВестиСовети

ИСХРАНА НА ДОМАШНИТЕ ЖИВОТНИ

kravi

1. Предмет и цел на исхраната на домашните животни

Науката за исхрана на домашните животни се занимава со количствената страна на науката, а не само за одвивањето на метаболичките процеси во животинскиот организам, за да може да се направи врска меѓу внесената храна (крма), хранливите материи или енергија и продуктивноста на животните. Од правилната исхрана во многу зависи остварувањето на предвиденото производство, односно постигањето на генетскиот потенцијал на соодветната раса добиток. Доколку се прати сточарството како стопанска гранка, исхраната се поврзува со економската страна на зависноста храна (крма)-продукција, односно очекувано производство. Исхраната е еден од најсилно влијателните фактори врз основните стопански, односно економски показатели, како што се развојот, здравјето и размножувањето на животните, количеството и квалитетот на добиената продукција, како и врз нејзината трајност, односно економска оправданост. Од 50 до 75% од сите расходи за производство на животински производи отпаѓаат на исхраната на животните.

Како основа на исхраната на домашните животни, во прв ред е хемискиот состав на животнитете и на растенијата, бидејќи нивниот состав насочува во кој правец треба да оди дневната, месечната или годишната исхрана на домашните животни.

 

Табела 1. Просечен состав на организмот на животните1 (Понд ет ал., 1995)

Вид на животно К о м п о н е н т и,  %
Вода Протеини Масти Минерали
Теле, новородено 74 19 3 4
Мушко јуне, слабо 64 19 12 5
Свиња, 100 кг 49 12 36 2-3
Кокошка 57 21 19 3
Коњ 60 18 18 4
Зајак 69 18 8 5
Човек 60 18 18 4

 

На база на досега изведените истражувања, просечниот хемиски состав на организмот на возрасно животно би бил:

 

Вода                                       60%

Протеини                                16 %

Масти                                     20 %

Пепел                                       4%

 

Најважна разлика помеѓу растенијата и животните е тоа што сувата материја на растенијата е изградена претежно од јагненохидрати, кај животните од протеини. Јаглените хидрати служат како структурна и резервна материја кај растенијата, додека во телата на животните протеините претставуваат структурна, а мастите резервна материја.

 

Табела 2. Хемиски состав на некои крми (во %)

Крма вода Протеини Масти Пепел Сурово влакно БЕМ ЦА П
Луцерка (млада) 83.0 4.3 0.5 2.0 4.0 6.2 0.41 0.06
Луцерка (фаза на полно цветање) 71.0 5.5 1.0 3.0 8.7 10.8 0.51 0.07
Луцеркино сено 10.8 16.5 2.4 7.5 25.5 37.3 1.32 0.21
Пченична слама 9.9 3.0 2.0 11.0 35.1 38.9 0.31 0.06
Јачмен, зрно 10.3 10.8 1.8 5.5 4.7 66.9 0.05 0.38
Пченични трици 11.9 14.3 4.6 4.6 10.3 54.3 0.15 1.05
Соино ќуспе 10.8 44.5 0.6 5.6 4.5 34.0 0.18 0.66
Рибино брашно 9.0 62.0 2.5 23.8 4.10 2.70

Табела 13. Споредбен хемиски состав на животните и крмите (%)

Вода Јагленихидрати Протеини Масти Пепел
Свиња, 30 кг 60 <1 13 24 2.5
Возрасна крава 58 <1 16 20 4
Кокошка 56 <1 21 19 3
Трева-лисната 80 12 5 1 2
Пченична слама 10 75 3 2 9
Пченица, зрно 13 72 12 2 2
Маслодајна репка 90 7 <1 1 1
Соино ќуспе 12 35 45 2 6

 

  1. ГЛАВНИ СОСТОЈКИ НА ХРАНАТА

 

Хранливите материи на храната се материи кои животните можат да ги употребат за свои потреби, кога ќе ги направат достапни и во поволна фоирма за сопствените клетки, органи и телесни ткива.

 

Храната се состои од различни компоненти. Овие различни компоненти ги нарекуваме “хранливи материи”. Можат да се разгледаат како:

 

Вода: Животните треба да имаат слободен пристап до свежа вода за пиење по желба, колку што е можно почесто.

Протеини: Содржината на протеини во крмата обично се изразува во процент на суров или сварлив протеин. Протеините се основна градежна материја, а исто така учествуваат и во многу други функции.

Масти: Тие обезбедуваат енергија. Мастите му се потребни на телото и за правилно вршење на некои функции. За среќа, во сите видови на храна за овците има доволно маст, така да во храната не е потребно да се додава маст. Некои видови храна, пред преработка, како на пример: семе од сончоглед или соја, како и техничката маст, содржат големи количества маст и можат да се користат во исхраната на домашните животини. Кога се дава храна која содржи многу маст, треба да се биде многу внимателен, поради тоа што мастите можат да ја нарушат работата на дигестивнииот тракт.

Шеќери (јагленохидрати): Шеќерите, процентуални се најголемиот извор на енергија и тоа енергија која брзо може да се искористи.

Мастите и шеќерите го претставуваат енергетскиот дел од храната и обично се изразуваат како вкупно сварливи хранливи материи .

Минерали: За да организмот на животното правилно функционира, потребно е да во храната има шеснаесет “неопходни” минерали. Солта на пример е еден од нив. Некои од овие минерали ги нема доволно во храната, па затоа треба да се додаваат. Додавање на минерали потребно е за да се превенираат одредени болести кои се појавуваат како последица на недостаток на минерали. Така на пример, за спречување на болеста бели мускули, може да биде неопходно да покрај витамин Е се додава и Се.

Витамини: Преживните животни можат да произведат доволно витамини растворливи во вода (Б витамин и витамин Ц), но нерпеживните имаат ораганичена способност. Доколку бурагот на преживарите функционира правилно може да се јави потреба од додавање на витамини растворливи во масти: А, Д и Е, и тоа во време на зголемено производство. Зелената храна и пченката се побогати во витамин А, отколку другата храна. Витаминот Д може да недостасува кај животни кои не се доволно изложени на сонце. Витаминот Е обично го има доволно, освен во случаи кога во храната има малку Селен.

 

2.1. ДОБИТОЧНА ХРАНА-КРМИ ИЛИ ХРАНИВА

 

Под поимот крма (храниво) се подразбира секоја компонента на оброкот, која има корисна функција во организмот на животните.

Вообичаената класификација е сведена на: кабасти, енергетски, протеински, витамински и минерални додатоци и адитиви кои не се од нутритивен карактер.

Според друга поделба сите постоечки крми можат да се подредат во една од следните групи: кабаста, концентрирана, комплетна храна, премикси, споредни производи и одтатоци на растенијата, посебни крми и саплементи, адитиви и импланти.

Најчесто во светот е користена класификацијата на крмите на:

 

Кабасти крми

Зелена кабаста храна

Паша

Кабасти крми од ораници

Конзервирани кабасти крми

Сено

Вештачки сушени кабасти крми

Слами и плеви

Силажа

Сенажа

Концентрирани крми

Јагленохидратни (енергетски) крми

Протеински крми

Споредни производи на прехрамбената индустрија

Индустриска добиточна храна (крмни смески-концентрати, премикси и др.)

Витамински додатоци

Минерални додатоци

Адитиви кои не се од нутритивен карактер

Антибиотици

Антиоксиданти

Пуфери

Бои и емулгатори

Ензими

Хормони

Медикаменти

Останати адитиви

 

2.2. СВОЈСТВА НА ОСНОВНИТЕ ГРУПИ НА КРМИ

 

За исхраната на домашните животни се користат волуминозни (кабасти) и концентрирани крми. Покрај овие се додаваат и минерално-витамински материи.

КАБАСТИТЕ (ВОЛУМИНОЗНИТЕ) крми се групираат во суви и сочни. Во оваа група на суви крми припаѓаат сите видови на сено и слама, а во сочни: зелена маса (косена или како паша), сенажа, силажа и корено-кртолести растенија.

Сеното е главно, а некаде скоро единствена крма во зимскиот период. Животните со апетит го јадат, а посебно ако е добро. Хранливата вредност на сеното зависи од видот и сортата на растенијата кои тоа ги содржи, начинот на одгледување, негата, ѓубрењето, времето на класење, од спремањето и чувањето.

Сламата има значително помала хранлива вредност од сеното. Најдобра е овесната слама. Во килограм овесна слама има 900 г сува материја.

Како претставници на сочни крми се јавуваат повеќе видови. Овде ќе наведеме само неколку најважни.

Зелената маса е мошне квалитетна крма. Вредноста на оваа крма зависи од видот на растенијата и од времето кога се користат за исхрана. Искористувањето на многу младите треви врзо предизвикува заситеност, но нема доволно хранливост, ниту минерални материи. Затоа за оваа појава треба да се води сметка. Зелената маса може да се користи како паша и како косена.

Пашата од ливадите (природни или засеани), како единствена крма, можна е претежно во пролетно-летниот период. Меѓутоа, веќе од средината на летото количеството на паша опаѓа, па доаѓа до прашање обезбедувањето на доволно храна за дневните потреби. Во пониските предели тој проблем се решава со одгледување на хибриди од суданска трева и сирак, а во ридско-планинските со испаша на тревните површини од кои првиот откос е окосен за производство на сено или силажа.

Пашата на природните пасишта треба да се користи кога тревата ќе достигне 10-15 см височина. Тревите од природните пасишта имаат поразновиден растителен состав и повкусни се. Во килограм паша има 150-200 г сува материја.

– Покосената зелена маса има предност во исхраната, бидејќи се смалуваат загубите на тревната маса, особено ако дневното количество се подели на повеќе дажби во текот на денот.

Зелената маса е сочна крма која содржи значително помалку суви материи. Во килограм зелена маса од ливадите има 200 г сува материја, а во луцерката 240 г.

Силажата и сенажата кај нас недоволно се користат во исхраната на преживните животни, а посебно кај овците и козите. Последните 15-20 години овие крми се повеќе се усовршуваат и користат. Нивни добри страни се:

– сите посеви можат да послужат за правење на силажа и сенажа, а најдобра суровина е целото растение на пченката,

– загубите кои настануваат при приготвувањето на овие крми се значително помали отколку при приготвување на сеното,

– од зелената маса при првиот откос на луцерката, црвената детелина, природните и засеаните пасишта, полесно се приговува силажа и сенажа во однос на добро сено,

Користењето на овие крми го пратат следните потешкотии:

– кога ќе почне да се користи силажата или сенажата, мора да се користат секој ден се додека не се потрошат,

– поради големата разлика во содржината на сува материја кај овие крми и ограничувањата во учеството на овие крми во дневната дажба, потребно е да за секоја се знае содржината на сувите материи, за да би можело правилно да се одреди дневното количество по животно,

– овие крми мора да се даваат после молзење, а хранилките од кои животните се хранат треба да се чистат најмалку еднаш дневно.

Ако индивидуалното стопанство не одгледува други преживни животни освен овци или кози, силажа може да се подготвува само ако истото одгледува 80 и повеќе животни.

Вредноста на силажата и сенажата зависат од видот на растението. На силажата од цели растенија на пченка треба да се додадат крми кои содржат повеќе протеини и минерално-витамински материи, а на силажата од повеќегодишните растенија, калциум,  а понекогаш и крми богати со протеини. На квалитетот на силажата влијае и состојбата на зелената маса во време на силирањето (односно благовремена косидба, провенување на низиските посеви, во некои случаи при подготвување на силажа, а секогаш при приготвувањето на сенажа) и од приготвувањето. Овие моменти влијаат и на загубите во текот на процесот на силирање. Кога низиските посеви не се провенуваат, задолжително треба да се додаде 4-6% прекрупа. Силосите мораат брзо да се полнат, без внесување на земја заедно со масата за силирање, а потоа внесената маса треба рамномерно и енергично да се набие. Подобро чување се постигнува преку покривање со пластична фолија.

Содржината на сува материја во силажата зависи од видот на растенијата кои се силираат. Во килограм пченкарна силажа има 240 г сува материја, граор 174, луцерка 215 и ливадските треви 225 г.

КОРЕНО-КРТОЛЕСТИТЕ крми се многу корисни за животните и тие со апетит ги конзумираат. Нивната содржина на суви материи е различна. Во килограм сточна репка има 120 г сува материја, а во морков 125 г.

Останати сочни крми се: листови и глави од шеќерна репка (животните ги јадат со апетит, но треба да се даваат умерено, за да не дојде до здравствени пореметувања поради големата содржина на калиум), лисник и сл.

КОНЦЕНТРИРАНИТЕ КРМИ ги опфаќаат сите зрнести крми (житни и мешункасти ) и споредните производи на прехранбената индустрија (млински отпадоци, ќуспиња од разни маслодајни култури). Зрнестите крми имаат значително поголема хранлива вредност од сувите и сочни крми, со тоа што зрната од житните култури имаат значително помалку протеини во споредба со зрната од мешункастите растенија. Хранливата вредност и вкусот на зрнестите крми се различни, но животните ги јадат скоро сите видови. Меѓутоа, сите зрнести крми немаат исто значење во исхраната на животните. Се смета дека на козите не треба да им се дава повеќе од 200 г пченица дневно.

Споредните производи на прехранбената индустрија се бројни. Хранливата вредност им е различна, а козите ги конзумираат со различен апетит. Од млинските споредни производи, најдобри се триците, а од маслодајните разни видови на ќуспиња ( или сачми). Најмногу се користат ќуспињата (сачмите) од сончоглед и соја. За да не би дошло до труење, ленените ќуспиња не треба да се даваат влажни. Ќуспињата од афион и од маслодајна репка треба внимтелно да се користат, и да не се даваат повеќе од 10% во смеската, за да не дојде до заболувања. Рицинусовите ќуспиња не треба да се даваат на домашните животни.

МИНЕРАЛНО-ВИТАМИНСКИТЕ МАТЕРИИ се многу важни и неопходни материи.

Минералните материии се составени од две групи:

– макро елементи кои во крмите ги има во значајни количества (калциум, фосфор, натриум, магнесиум и др.) и

– микро елементи (олиго елементи), кои во крмите ги има во незначително количество (бакар, кобалт, цинк, селен и др.).

Сите овие материи во одредено количество се неопходни за организмот. Вишокот на некој од нив може да биде неповолен.

За домашните животни особено е важна содржината на калциум и фосфор.

Кабастите (волуминозни) крми претежно се богати со калциум, а сиромашни со фосфор, додека со концентрираните е обратно. Затоа при исхрана со кабасти крми се додава концентрат и така се поправа недостатокот на фосфор. Најдобро е да се користат фабрички смески на минерални  материи. Животните натриумот го добиваат преку сточната сол, која треба да се дава секојдневно, со тоа што нејзиното количество треба да се зголеми за време на молзењето.

Витамините се многу значајни за животните, посебно во критичните периоди (при растењето, при молзењето, при бременитоста, при партусот и сл). За овие животни најзначајни се витамините А. Д и Е. Витамините можат и фабрички да се вмешаат во минералните материи во потребните количества, но се продаваат и во течна состојба, така да одгледувачот може и сам да ги дава. Потребно е витамините да се даваат во текот на годината со одредени варијации.

 

2.3. ХРАНЛИВА ВРЕДНОСТ НА ДОБИТОЧНАТА ХРАНА

 

2.3.1. ОЦЕНКА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ВРЕДНОСТ НА КРМИТЕ

 

Покрај податоците за хемискот состав на крмите, неопходно е да се познава и нивната енергетска вредност. Иако органските хранливи материи имаат специфична улога во организмот, заедничка особина им е да содржат и одредена количина на енергија. Енергијата кај животните е неоходна за одвивање и одржување на животните функции. Животните се снабдуваат со енергијата преку целосна или делумна оксидација на јаглените хидрати, масти и протеини од конзумираната храна или со разградување на гликогенот, мастите и протеините депонирани во организмот. Потребите на животните во енергија претставуват најголема ставка во трошоците на исхраната. На графиконот 1 може да се види шемата на метаболизмот на енергијата кај животните (додаток за преживарите) и искористливост на метабличката енергија, во зависност од тоа за која намена служи (одржување на животот, пораст или произвдство на млеко, месо и др.

 

2.3.2. СИСТЕМИ ЗА ОЦЕНКА НА ЕНЕРГЕТСКАТА ВРЕДНОСТ НА КРМИТЕ

 

Нивото на достапната енергија мора да се знае пред него се пристапи кон составување на смеска или оброк. Првата хранлива единица која е прифатена и етаблирана за мерење и споредување на хранливата вредност на крмите ја објавил Германскиот научник Алберт Тир (1809 г.)

Во Текот на 19 и 20-от век голем број на научници се занимаваат со оваа проблематика (Лиебиг, Хеннеберг, Стохман, Њолф, Кухн и Клеенер Армсбѕ, Форбес и др). Вкупните сварливи хранливи материи (ТДН) првпат се споменуваат од страна на Хилл и сор. (1910 г.), а во Европа се појавува скробната вредност (Келлнер, 1912 г.)

Постојат повеќе начини за прикажување на енергетската вредност на добиточната храна и тие можат да се поделат во две групи:

  1. Мерки на потенцијална енергија: вкупни сварливи хранливи материи, сварливата и метаболичката енергија.
  2. Мерки на продуктивното дејство на храната: скробна вредност-единица, јачменова хранлива единица, овесна хранлива единица и нето енергија.

 

Сите системи-мерки за оцена на енергетската вредност имаат свои предности и недостатоци, но во економските пресметки сеуште се користи овесната единица.

Овесната единица е воведена 1992 година во поранешната СССР, и тоа за мерење на хранливата вредност на добиточната храна и представува продуктивна вредност на 1 кг овес со просечен квалитет. Пресметувањето на ОХЕ се врши по методата која се користи за пресметување на Скробната вредност. Бидејќи скробната вредност на 1 кг овес со просечен квалитет изнесува 0.6, добиената корегирана СВ се претвара во ОХЕ преку делење со 0.6. Една ОХЕ содржи 1415 кцал, односно 5.92 МЈ нето енергија.

Со примена на хранливата единица сите видови хранива, различни по хранлива вредност се сведуваат на заедничка мерка и се воспоставува паритет помеѓу различните видови хранива.

Познавањето на хранливата вредност на поедините видови крми-хранива е основа за изработка на дневните дажби-оброци за добитокот.

При изборот на видовите хранива кои ќе влезат во дажбата, треба да се води сметка за видот и категоријата на добитокот и приносот на единица капацитет. Составувањето на дажбата треба да ги има во предвид наведените забелешки, и согласно на нив да ги избалансира биолошките потреби, но во исто време да имаат најниска цена на чинење.

При проектирањето на сточарските фарми во предвид се земаат вкупните годишни потреби од добиточна храна, по видови. Динамички во текот на производната година за секој ден, односно производен период треба да се нормира соодветна дневна дажба.

 

  1. НОРМАТИВИ И ДАЖБИ ВО ИСХРАНА НА ДОМАШНИТЕ ЖИВОТНИ

 

3.1. Одржни потреби

 

За разлика од машините, животното никогаш во својот работен циклус не се наоѓа во состојба на целосно мирување. Животното користи хранливи материи и енергија за стално одржување на своите телесни функции, кои се одвиваат во текот на 24 часа. Дури и кога не се користи за некои од виидовите на производство или работа, животното има одредени потреби од храна.

 

Одржните потреби можат да се означат како потреби во хранливи материи, кои се неопходни за одржување на основните животни функции, без било каков прираст или загуба на телесна маса или на некои производни функции.

Возрасните животни со храната за одржните потреби терба да обезбедат (1) неопходна топлина за одржување на телесната температура, (2) доволни количини на енергија за одржување на виталните телесни процеси во функционална состојба, (3) енергија потребна за минимално движење, и (4) неопходни хранливи материи за обнова и замена на дотраените клетки и ткива, заради зачуввување на нивните нормални функции.

 

3.2. Продуктивни потреби

 3.2.1. Пораст

 

Порастот може да се дефинира како зголемување на големината на коските, мускулите, внатрешните органи и други делови на телото на животните.

Порастот е нормален процес пред и после раѓање, се додека животното не ја достигне конечната големина на возрасно животно од одредена раса. На порастот на животното најголемо влијание има конзумирањето на храната. Хранителните потреби многу брзо растат кај младите животни и во интензивното производство. Таков е случајот со јуниците кои се оплодени за телење со две години возраст и на коњите кои трчаат како двогодишњаци.

 

Порастот претставува стварна основа на секој вид на производство на животните

 

Младите говеда, овци, свињи, живина, зајаци и други типови на животни за производство на месо, нема да остварат најекономични финални прирасти, ако не се одгедани крупни и снажни. Инаку, приплодните јуници можат да имаат значајно смалена репродуктивна способност, ако немале адекватен пораст. Не може да се очекува задоволителниот принос на млеко од молзна крава, или производство на јајца од несилки, ако не се развивале соодветно во текот на периодот на пораст.

3.2.2. Здравје

 

Различните енфективни и паразитарни заболувања имаат за последица поголема потрошувачка и полош развој на подмладокот. Ако сите овие фактори се снажни, редовно доаѓа до закржлавеност. Покрај тоа, кај ваквите животните може во целост да се оствари производниот потенцијал на животните.

 

3.2.3. Репродукција

 

За да се добие здрав и витален подмладок, од посебно значење се хранливите потреби на животните за репродукција. Од обезбеденоста на приоплодните животни во овие потреби, во многу зависи економскиот успех во сточарството. Без соодветна репродукција, нема ни економско успешно производство на животните.

 

Нормалната репродукција е основа на секое производство кај домашните животни.

 

Проентот на новородени младенчиња кај домашните животни е најзначајниот поединечен фактор кој влијае на конечниот финансиски резултат за секое производство во сточарството. Спротивно на овие неспорни факти, се проценува дека 20-50% од сите оплодувања се неуспешни, како и дека 25% од сите шкартирани крави исклучуваат од стадото поради репродуктивни проблеми. Така, на пример, вкупниот процент на телење во САД изнесува 88%, додека преостанатите 12% чинат абортуси или стерилитет на кравите. Околу 5% од овците е стерилно, 15% од вкупниот број на оплодените маторици не донесува потомство, а само 50% од сите оплодени кобили раѓаат ждребиња.

 

3.2.4. Производство на млеко (лактација)

 

Производството на млеко претставува спореден производ на репродуктивниот процес. Потребите на женските животни за средно или високо производство на млеко многу се поголеми од одржните потреби иили од потребите за гравидитет. На пример, утврдено е дека за време на пикот или шпицот на лактацијата (максимална дневна млечност) потребите во нето енергија кај овците, која дои близнаци, се за 3 пати поголеми од одржните потреби. Всушност, нутритивните потреби за производство на млеко се прејдени единствено при континуирано мускулно оптеретување, како при трки на коњи. На среќа, женските животни со висока млечност, како што се молзните крави, можат да дрепонираат телесни резерви  на одредени хранливи материи пред и во текот на гравидитетот, кои се користат посел парутсот.          Хранливите потреби за производство на млеко зависат од количината и составот на излаченото млеко. Идејата за енормноста на овие потреби, како и ефикасноста на секрецијата на млеко, постанува очигледна кога ќе се оствари производство на 6.590 кг млеко во текот на една година, и при тоа се излачи 238 кг масти, 306 кг млечен шеќер, 217 кг протеини и 49 кф минерални материи или вкупно преку 810 кг храна. Ова одговара на тежина на заклани половинки од 2.5 јуниња стари 18 месеци. Од значење е, исто така, да кравата остане и понатаму во живот и да може да произведува, а што не е случај со закланите јуниња. Покрај тоа, кравата побарува додатни хранливи материи за своите одржни потреби ( кои се готово исто како и за едно јуне), за развој на сеуште нероденото теле кај стелните крави, како и за пораст на младата крава.

Иако кравата со висока млечност побарува поголема количина на храна од крава со пониска млечност, оваа искористува сразмерно повеќе хранливи материи за производство на млеко и обично овие враќаат поголем профит над трошоците за храна.

Една од најдрастичните физиолошки промени во животниот циклус кај женските од цицачите се одвива во текот на партусот, кога женските грла наеднаш преоѓаат од пресушени во животни кои лачат млеко. Кај кравите со висока млечност, клиничките знаци за млечна грозница претставуваат сигурен индикатор за наглото паѓање на калциумот во крвниот серум и лачење на цалциум во млекот. Ако реверзибилниот процес е премногу изразен, животното може да искаже дефицит на калциум во крвта (хипокалцемија).

 

3.2.5. Производство на јајца

Производството на јајца бара исхрана на животни за: одреден број и квалитет на јајца, одредена способност на лежење, контрола на митарењето и нагонот на кокошката да лежи на јајцата (поради изведување на пилиња). Хранливите потреби на живината за комерцијално производство на јајца вклучуваат потреби за одржување, пораст на младите кокошки несилки и за формирање на јајца. Нутритивните потреби се погоеми кај животните со наследна основа за високо производство на јајца, отколку кај оние која мноси само неколку јајца. Треба да се има во предвид дека јајце со стандардна тежина содржи околу 95 калории бруто енергија, 7.5 грама на сурови протеини и 2 грама на калциум.

Животните кои се оставаат за приплод мора да бидат стартирани со посебни дажби, намалку еден месец пред собирање на јајцата за насад (лежење на пилиња).

Следните потпоглавја ги сублимираат одржните и продуктивните потреби на пооделните видови и категории домашни животни, изразени во нормативи и оброци-дажби.

Вредностите на презентираните крми ги вклучуваат и загубите кои настануваат при хранењето на домашните животни.

 

4.1. Нормативи и дажби во исхрана на говедата

Категорија Вид добиточна храна Количина во тони
1. Молзни крави

-по структурно грло

1. Концентратна смеска

2. Сено

3. Силажа

4. Зелена храна

1,5

1,6

7,2

9,0

2. Грла во гоење

-по едно грло за период на гоење од 270 денови

1. Концентрат

2. Кабасти крмива

-сено

-зелено-сочни

2,0

 

0,7

4,0

 

4.2. Нормативи и дажби во исхрана на овците

Категорија Единица

мерка

Концентрат Сено Зелена маса Сол
1. Приплодни овци кг. 120 250 1500 2
2. Овни кг. 120 250 1800 2
3. Ѕвиски кг. 50 180 1200 2
4. Шилежиња кг. 30 100 1000 1

 

4.3. Нормативи и дажби во исхрана на козите

                        Категорија Единица

мерка

Концентрат Сено Сол
1. Приплодни кози кг. 120 250 1
2. Прчови кг. 120 250 1.5
3. Млади кози кг. 60 100 0.5
4. Млади прчови кг. 60 100 0.5

 

4.4. Нормативи и дажби во исхрана на свињите

 

Исхраната на свињите во наши услови претежно е базирана на концентратните крмива. Во проектирањето на свињарските фарми вообичаено нормативот го базираме исклучиво на готови концентратни смески, кои можат да бидат:

-концентратна смеска за приплодни грла свињи;

-концентратна смеска за гоеници: стартер, гровер и финишер

 

Категорија Единечна мерка Количина
1. Маторици кг./ден 3,5
2. Назимици кг./ден 4,0
3. Нерези кг./ден 3-4
4. Гоеници кг./кг. Прираст 4

4.5. Нормативи и дажби во исхрана на живината

Исхраната на кокошките (несилки и бројлери), е заснована на готови концентратни смески. Нормативите за исхрана се на база на дневна потрошувачка на готова крмна смеска, кај несилките, и на база на потрошена храна за постигнат прираст кај бројлерите.

 

-Кокошки несилки

дневна потрошувачка на храна ……………. 125 гр.

потрошувачка на храна по едно јајце ….. 175 гр.

-Бројлери

потрошувачка на храна за 1 кг прираст …….. 2,6-3,2 кг.

 

4.6. Нормативи за потрошувачка на храна кај рибите

 

Исхрана на пастрмката:

-потошувачка на храна за 1 кг прираст …….. 1,5-2 кг.

 

Исхрана на топловодни видови риба:

-потошувачка на храна за 1 кг прираст ……… 3-4 кг. не сметајќи ја природната храна во рибникот.

5. КОЗИ 1. Молзни (приплодни) кози

2. Јарци

3. Приплоден подмладок

-млади кози (8месеци)

-млади јарци

4. Јариња

6. КОЊИ 1. Кобили

2. Пастуви

3. Ждребиња

4. Работни коњи

 

 В. ПРОЕКТИРАЊЕ НА ПРИНОСИТЕ ВО СТОЧАРСТВОТО

 

При проектирањето на сточарските фарми од посебна важност се и приносите, од кои ќе зависи остварувањето на вкупниот приход и финансискиот ефект, што во краен резултат ќе влијае на ефективноста на инвестицијата.

Приносите од поедините видови добиток, согласно избраниот производен правец, ќе се проектираат во зависност од избраната раса и нејзиниот генетски потенцијал, како и постигнатите производни резултати во наши услови.

Приносите по поедини видови добиток се дадени во наредните прегледи.

 

  1. Приноси во говедарството

 

-Насока за производство на млеко:                                                                   -по грло

Вид на производ Количина во кг.
1. Кравјо млеко 5000 – 7000
2. Телиња 150
3. Излачени крави 100
4. Арско ѓубре 10000

 

-насока за производство на месо                                                                         -по грло

Вид на производ Количина во кг.
1. Јунешко месо-прораст жива маса 300
2. Арско ѓубре 10000

 

 

 

  1. Приноси во овчарството -по грло
Вид на производ Количина во кг.
1. Овчо бело меко сирење 15
2. Јагне 15
3. Излачени овци 8-10
4. Волна 2
4. Арско ѓубре 100-150
  1. Приноси во козарството -по грло
Вид на производ Количина во кг.
1. Козјо млеко 400 – 500
2. Јариња 15
3. Излачени грла 10
4. Арско ѓубре 100-150

 

  1. Приноси во свињарството -по 1 маторица
Вид на производ Количина во кг.
1. Прираст на свинско месо (жива м) 2000
2. Излачени свињи 40
4. Арско ѓубре 5000-6000

 

  1. Приноси во живинарство -по 1 несилка
Вид на производ Количина во кг.
1. Конзумни јајца 280 – 300
2. Излачени несилки 1,6
3. Арско ѓубре

 

Во производството на бројлери приносот се пресметува согласно бројот на произведните бројлери и нивната жива маса.

 

  1. Приноси во рибарството

 

Кај пастрмските рибници приносот на риба се утврдува како разлика помеѓу рибниот подмладок пуштен во рибникот на почетокот на одгледувањето и целокупната изловена количина на риба на крајот од одгледувањето.

 

 

ВИ. ПРОЕКТНИ КАЛКУЛАЦИИ ЗА ОДРЕДЕНИ ВИДОВИ ДОБИТОК

 

  1. Проектна калкулација за 5 молзни крави

 

Показател количина един.цена Вкупно
I. Вкупен приход     790000
1. Млеко 35000 18 630000
2. Телиња 750 100 75000
3. Излачени крави 500 70 35000
4. Арско ѓубре 50000 1 50000
II. Трошоци     463000
1. Добиточна храна
1.1. Концентрат 7500 10 75000
1.2. Силажа 36000 1.5 54000
1.3. Сено 8000 6 48000
1.4. Зелена храна 45000 1 45000
2. Амортизација на добитокот 192000
3. Енергија 24000
4. Осигурување 20000
5. Останато 5000
III. Контрибуциона маржа (I-II)     327000

 

 

 

  1. Проектна калкулација за 10 гоени јуниња

 

Показател количина един.цена Вкупно
I. Вкупен приход     505000
1. Угоени јуниња 4500 90 405000
2. Арско ѓубре 100000 1 100000
II. Трошоци     493500
1. Добиточна храна
1.1. Концентрат 20000 10 200000
1.2. Силажа 20000 1.5 30000
1.3. Сено 7000 6 42000
1.4. Зелена храна 20000 1 20000
2. Внесен добиток 1500 100 192000
3. Енергија 4500
5. Останато 5000
III. Контрибуциона маржа (I-II)     11500

 

  1. Проектна калкулација за 100 приплодни овци

 

Показател количина един.цена Вкупно
I. Вкупен приход     563500
1. Бело меко сирење 1500 250 375000
2. Јагниња 1500 80 120000
3. Волна 200 30 6000
4. Излачени овци 800 50 40000
5. Арско ѓубре 15000 1.5 22500
II. Трошоци     279500
1. Добиточна храна
1.1. Концентрат 12000 10 120000
1.2. Сено 25000 1.5 37500
1.3. Пашарина 100 60 6000
1.4. Сол 200 15 3000
2. Амортизација на добитокот 64000
3. Енергија 12000
4. Осигурување 32000
5. Останато 5000
III. Контрибуциона маржа (I-II)     284000

 

 

 

 

 

 

4 Проектна калкулација за 100 приплодни кози

 

Показател количина един.цена Вкупно
I. Вкупен приход     912500
1. Козјо млеко 40000 18 720000
2. Јариња 1500 80 120000
3. Излачени кози 1000 50 50000
4. Арско ѓубре 15000 1.5 22500
II. Трошоци     278000
1. Добиточна храна
1.1. Концентрат 12000 10 120000
1.2. Сено 25000 1.5 37500
1.3. Пашарина 100 60 6000
1.4. Сол 100 15 1500
2. Амортизација на добитокот 64000
3. Енергија 12000
4. Осигурување 32000
5. Останато 5000
III. Контрибуциона маржа (I-II)     634500

 

  1. Проектна калкулација за 10 маторици

 

Показател количина един.цена Вкупно
I. Вкупен приход 349000
1. Прасиња 200 1500 300000
2. Излачени свињи 400 60 24000
3. Арско ѓубре 50000 0.5 25000
II. Трошоци 230000
1. Добиточна храна
1.1. Концентрат 13000 12 156000
2. Амортизација на добитокот 30000
3. Енергија 24000
4. Осигурување 15000
5. Останато 5000
III. Контрибуциона маржа (I-II) 119000

 

  1. Проектна калкулација за 100 гоени свињи

 

Показател количина Един.цена Вкупно
I. Вкупен приход     815000
1. Угоени свињи 10000 80 800000
2. Арско ѓубре 30000 0.5 15000
II. Трошоци     611000
1. Добиточна храна
1.1. Концентрат 36000 12 432000
2. Внесен добиток 100 1500 150000
3. Енергија 24000
4. Останато 5000
III. Контрибуциона маржа (I-II)     204000

 

  1. Проектна калкулација за 1000 кокошки несилки
Показател количина Един.цена Вкупно
I. Вкупен приход     1175600
1. Конзумни јајца 280000 4 1120000
2. Излачени кокошки 1520 30 45600
3. Арско ѓубре 10000 1 10000
II. Трошоци     969000
1. Добиточна храна
1.1. Концентрат 46000 15 690000
2. Амортизација на кокошки 250000
3. Енергија 24000
5. Останато 5000
III. Контрибуциона маржа (I-II)     206600

 

  1. Проектна калкулација за 1000 бројлери

 

Показател количина Един.цена Вкупно
I. Вкупен приход     113000
1. Бројлери 1600 70 112000
2. Арско ѓубре 1000 1 1000
II. Трошоци     106200
1. Добиточна храна
1.1. Концентрат 4800 14 67200
2. Внесен добиток 1000 10 10000
3. Енергија 24000
4. Останато 5000
III. Контрибуциона маржа (I-II)     6800

 

 

 Советник во АПРЗ Петар Трајковски

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close