fbpx
Вести

Откупот на тутун во најдобар ред

Откупната кампања на тутунот од годинешната реколта во Прилеп, но и на ниво на цела држава се одвива без проблеми. Ова го соопшти директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јане Станкоски којшто на оваа тема разговараше со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

„Откупот на ниво на целата држава, а секако и во рамките на прилепска општина се одвива без проблеми. Од пријавените  9 откупни фирми, досега тутунот го преземаат 8 претпријатија. До последниот рок за отпочнување на откупната кампања 15 декември, се очекува и последната откупна фирма, да обезбеди средства и да почне со откуп. Преземени се околу 7000 од околу 23.000 тони тутун, колку што се очекува да биде тешка годинешната реколта. А, постигната е просечна откупна цена од 204 денари за килограм тутун. Исплатата ќе се врши, така како што е дефинирано во потпишаните договори на кооперантите со откупните фирми“, соопшти директорот Станкоски.

Прилеп е најголемо тутунопроизводствено подрачје во Македонија. Дел од кооперантите живеат само од тутунопроизводство. Оттука особено е значајно откупот на реколтата да се врши согласно со законските прописи и регулатива.

Откупната кампања според Законот за тутун, треба да финишира на 15 март.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close