Заврши поправката и надградбата на радарскиот систем Ѓуриште
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовскии директорот на управата за хидрометереолошки работи Ивица Тодорoвски денеска беа во посета на радарскиот систем Ѓуриште, по повод завршувањето на поправката и надградбата на радарскиот систем.
„Климатските промени се едни од најзначајните работи на кои што како Влада и министерство сме насочени, се со цел да креираме адаптивни мерки со кои што ќе помогнеме на граѓаните,на секторот земјоделство,фармерите , и за квалитетно следење на временските услови и превземање соодветни агротехнички мерки. “ – истакна Николовски
По речиси 5 години Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за финансиска за рурален развој, обезбеди 3 милиони денари средства за поправка и надградба на радaрскиот центар Ѓуриште.Благодарение на новиот систем земјоделците ќе можат навремено да се информираат и да се заштитат од потенцијални временски непогоди.
На поправката и надградбата на радарскиот центар Ѓуриште, работеше тим од Русија
Извршена е надградба на радарскиот систем, инсталирани се нови автоматски современи радарски контролни и мониторинг единици за управување на антената по азимут и елевација. Исто така, инсталирана е и најновата верзија на софтверскиот пакет и извршена е целосна калибрација на радарскиот систем.
Поради застареност на досегашниот радарски систем на ГРМЦ Ѓуриште, од 2014 година се јавуваа чести прекини во функционирањето, а после кратко време овој радарски систем беше во целосен прекин,
Со овие поправки, сервисирања и надградби, се овозможува континуирано и квалитетно следење на облачните маси, рана прогноза и брза најава на опасни временски појави на територијата на Република Македонија.