Овој период овошните дрва се во интензивен раст. Не смее да се дозволи тој да стивне
поради недостаток од вода.Обилните полевања и прихранувањето по потреба, се
одразуваат добро на растот и на плодообразувањето, како и на формирањето на родна
папка. Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата. За младите
дрвца, од голема корист е покривање на почвата под нивната крошна со слама, искосена
трева или друг соодветен материјал. Оваа практика е позната како прекривка и помага
при разредување на поливањето и задржување на влагата.
Кога младите дрвца ке почнат со плодоносење, потребно е да се отстранат плодовите до
50см од врвовите на гранчињата.
Кај постарите овошни дрвца се врши проредување на плодовите, со цел останатите
плодови да бидат со повисок квалитет. Кај јаболката и крушата проредувањето се врши
кон крајот на месецот, откако ке помине природното јунско проредување.
Во овој месец започнува формирањето на родни папки за наредната година па затоа
треба дрвата убаво да се негуваат, наводнуваат, прихрануваат и почвата да се
обработува редовно. Ако на крајот на месец мај е пропуштено второто прихранување на
дрвцата, тогаш тоа треба да се направи во месец јуни.
Постепено започнува бербата на јагодите. Обилното наводнување и соодветното
оплодување се од големо значење за формирање на цветни папки за наредната година.
Јаболката и крушите се третираат против краставост, пепелница, јаболков црв, вошки,
крушкова болва, свиткувачи и сл.
Дуњата се прска 1-2 пати против губењето на заврзоците, кафеавата лисна дамкавост,
црвливост и сл.
Сливите освен од црвената лисна дамкавост, шупликавост на листот, кафеавото гниење,
овошниот црв и свиткувачот, овој период може да се инфицираат од рѓа и може да бидат
нападнати од штитеста вошка.
Кај праските и кајсиите продолжува третирањето против пепелница, кафеаво гниење,
шупликавост на лист и овошни црви.
Во почетокот на месецот се врши последното третирање против црешова мува кај вишите
и црешите. За тој третман соодветни се препаратите кои што имаат 24 часа каренца. Исто
така се прска и против сачменка и кафеаво гниење, а кај вишната и против белата рѓа.
Кај оревите продолжува третманот против бактериозата и антракнозата. Бадемовите
дрва се третираат против бадемов семејад, сачменка, церкоспориоза. Леските во овој
период од годината може да бидат нападнати од лешников молец кој што го нагризува
овошјето и полага јајца во него. Јагодите се третираат против сивото гниење.
Малините и капинитре се третираат против дидимела, антракнза, пепелница, малинов
комарец, малинов бумбар и др.
За сите горенаведени болести и штетници, потребно е да се користат дозволени
препарати.