fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Бабовски на средба со пчеларите-Објавен е повикот за  финансиска поддршка за набавка на пчелни матици

Пчеларите од Битолско-пелагонискиот Регион лично од директорот на Платежната агенција Николче Бабовски беа информирани дека од денеска можат да аплицираат за финансиска поддршка за набавка на пчелни матици до 600 илјади денари по пчелар. Бабовски заедно со раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола, Методија Илиевски оставри средба со претставници од Здружението на пчелари „Нектар“ и претседателот Менде Трајковски.

-Сите сточари кои во период од 01-ви октомври до 31-декември 2019 година набавиле педигрирани чистокрвни свињи и пчелни матици од одобрени одгледувалишта ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку Мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од програмата за Рурален развој. Право на аплицирање за добивање на оваа финансиска поддршка имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

 

 

Финансиска поддршка за набавка на пчелни матици е до 600.000 денари по користник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник, рече Бабовски на средбата. Барањата се поднесуваат електронски по извршената регистрација на веб страната на АФПЗРР, а крајниот рок за доставуање на барањата е 15 јули 2020 година.

Секоја мерка која носи позитивни резултати кај пчеларите е добредојдена, рече првиот човек на „Нектар“ , Трајковски на средбата со Бабовски.

-Оваа мерка е добредојде за пчеларите како и се што презема Агенцијата за модернизација во пчеларството, за опрема и за обновување на матиците, бидејќи секој пчелар тоа треба да го право барем на две години. Ова е кризна година за пчеларството, барем до овој момент заради климатските промени и кризата. Матиците ќе бидат од овластени репро-центри, рече Трајковски.

Инаку, финансиската поддршка за Мерката 121 се исплаќа по принцип на кофинансирање а завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката на кофинансирање се зголемува кога:

–          Носител на земјоделското стопанство е млад земјоделец до 55%

–          За инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%

–          За инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделското производство кога носителот е млад земјоделец 65%

–          За инвестиции во недостапни рурални средини 75%.

 

А. Блажевска

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close