fbpx
Вести

Технички проекти за мини фарми

Сточарите кои сакаат да изградат нови фарми или да ги прилагодат старите според европските стандарди, ќе можат да користат готови технички проекти за нивна изградба без парична надокнада. Типските фарми се наменети за одреден број животни.

За прилогодување на македонското земјоделство и за производството на храна според стандардите на Европската унија се изготвува документација за типски мини фарми.

Сточарите ќе имаат на располагање бесплатни технички проекти со целосни пресметки за формата и за изгледот на идната или за реконструкција на постоечката фарма.

Мини фармите ќе имаат капацитет за одгледување од 10 од 20 маторици, за 30 до 50 глави говеда и за 10, 20 и 30 молзни крави.

За ситниот добиток се предвидени објекти за 100 и за 300 овци или кози.

Целта е да се зголемат приходите на одгледувачите на добиток и подобри снабдувањето на пазарот со месо и млеко со примена на европските стандарди.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close